Travel AdvisorTravel Advisor

Азија во есен…

И покрај есенските температури, има многу места за уживање во Азија во есен.Патувањето во Азија во октомври ,ноември и декември е многу пријатно, ако евентуално сакате да најдете добра дестинација во декември особено за нова година можеби е време веќе да почнете да барате резервација.Температурите во Југоисточна Азија се  попријатни есента бидејки летото во комбинација со високата влазност е доста тесхка клима особено за туристите. Удобно е да се патува во Тајланд и соседните земји особено овие месеци.

Кина, Јапонија, Кореја и остатокот од Источна Азија се за нијанса поладни. Мора да одете во јужните делови на овие земји за да уживате во потопло и помирно време.Особено важна информација за месец декември е распоредот на празниците во различните азиски земји , празниците во Азија може да влијае на вашите планови за патувања: Божиќ: (25 декември), фестивал Донгџи во Кина (Датумите се разликуваат, но околу 22 декември секоја година), забава за полна месечина во Тајланд (Месечно; една забава) и друга забава за новогодишната ноќ на 31 декември), Шогацу во Јапонија: (Започнува околу 30 декември) и роденденот на царот на Јапонија: (23 декември).

Каде да одете во октомври , ноември и декември

Сувата сезона започнува приближно во ноември, декември започнува вистинската зимска туристичка сезона во земјите од Југоисточна Азија, како што се Тајланд, Лаос, Камбоџа, Бурма и Виетнам.Сезоната на тајфуни треба повеќе или помалку да е завршена во Јапонија и Филипините. Температурите ќе бидат пријатни денски и ќе бидат благи во текот на ноќта во земји како Хонг Конг, сепак, голем дел од Кина, Јапонија и Кореја ќе бидат со по студени ноќи.Места со најдобра клима се Тајланд, Виетнам, Лаос, Камбоџа, Бурма, јужни плажи на Шри Ланка, западната страна на Малезија и делови од Индија.

Сингапур во октомври , ноември и декември

Додека над Сингапур се одржува прилично стабилна клима и периоди на дожд во текот на целата година, декември е често еден од по влажните  месец во годината.

Индија во октомври , ноември и декември

Овие три месеци се еден од најдобрите периоди за патување во голем дел од Индија. Можеби ќе можете да издржите  со само три тушеви на ден, отколку вообичаените четири потребни за да ги преживеете дневните температури од +40 степени во Нју Делхи!

Travel Advisor

Посетете го нашиот Youtube канал.

ИНСБРУК, чекор до светот на КРИСТАЛИТЕ

Топ 10 туристички земји

Како да се стигне до Мачу Пикчу

 

Previous articleПатеката на Инките , неодолива со нејзините пејсажи
Next articleVal d’Isere – идиличен ски-центар како од бајките за Снежана