Travel AdvisorTravel Advisor

АЗУРЕНИОТ БРЕГ за ВЕЛИГДЕН

Овој пост иако како што вели насловот е наменет за основни информации за Азурниот Брег сепак ќе го почнеме од  Милано за да имаме еден континуитет бидејки Милано веќе информативно го запознавме.

Овде можеме да ги посетиме  Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот.

Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 метри долгиот покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот.

По патот на азурната обала неизбежна е посетата на Ница.Овде ви препорачуваме да ги посетете Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, Палатата на правдата.

Продолжуваме понатаму во посета на монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан. Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer.

Вечерта најголемиот Христијански празник овде вреди да се дочека во  најубавата Руска православна црква која се наога на Азурниот брег и да ја спознаеме суштината и симболиката на Христовото воскреснување .

Понатаму по Азурната обала предлагаме да се посетат  Монако и Монте Карло со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез.Тука  мораме да напомнеме да се посетат океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини, патеката на F1. Посетата на Монте Карло и неизбежната посета на познатите коцкарници.

 

 YouTube

Travel Advisor

Комплетен аранжман за Велигденските празници низ Азурниот Брег во Т.А.Атлантис

Париз низ призма на уметноста и „Moulin Rouge“

Рим за почетници

Јадран „нашо море“, Хрватите наши луѓе

Previous articleЈадран „нашо море“, Хрватите наши луѓе
Next articleШто да се прави кога падне ноќта? – Сингапур