Travel AdvisorTravel Advisor

Амстердам воведува забрана за организирани обиколки на квартот на црвените фенери

 

Градските власти во Амстердам одлучија да го решат проблемот со премногу луѓе во одредени делови на градот. Амстердам воведува забрана за организирани обиколки на квартот на црвените фенери.

Организирани тури на четвртот на  црвените фенери ќе бидат забранети, а организираните тури во центарот на градот ќе бидат ограничени на групи до 15 лица. Животот на локалното население во одредени области стана неподнослив.

Овие мерки се резултат на обидите да се стави крај на огромниот број туристи во најпопуларната населба на Амстердам и центарот на градот. Забраната ќе стапи на сила на 1 јануари следната година. Според истражувањето, квартот на црвените фенери го посетуваат повеќе од 1000 организирани групи.

Досега водичите во оваа област имаа посебна дозвола за групни посети, а сега ќе им требаат и на оние во областа на историското јадро на градот. Бесплатни обиколки се исто така забранети. За една година, има воведено многу мерки за намалување на прекумерниот број туристи, но веројатно дојде време за подрастични потези.

Долго време квартот на црвените фенери ја нарекуват урбана џунгла, а најлошо е  за луѓето што живеат таму. Од големата толпа на туристи во овој дел на градот стана невозможно да се живее нормално. Бидејќи водичите често соработуваат со некои локали и луѓе, многу проститутки се жалат дека таквите организирани посети имаат лошо влијание врз работата.

Во Холандија, проституцијата е законска. Вработените во овој услужен сектор ги имаат сите права и обврски, како и другите вработени. Тие плаќаат даноци и имаат редовна медицинска контрола.
Градските власти и градоначалникот  дури го споменале и преместувањето на целиот кварт на друга локација како едно од можните решенија за овој проблем.

Travel Advisor – патувања

YouTube

Повеќе информации овде

Места во светот кои ве повикуваат да ги фотографирате

Како да се стигне до Мачу Пикчу

Островот Бали – што да се посети?

 

 

Previous articleМетеора , духовноста на врвот
Next articleМодерен кроасан , “bon appétit“…