Travel AdvisorTravel Advisor

Амстердам не е само – марихуана, секс и забави

Во Амстердам никогаш не недостасуват атракции или работи што треба да се прават а не само неговите познати атракции ,марихуана ,црвените фенери ина далеку познатите забави. Со своите прекрасни канали, богато архитектонско наследство, интензивните уметнички поставки и музеите, Амстердам има многу повеќе да понуди.

Без разлика дали сте  прв пат во Амстердам или чест посетител, секогаш можете да уживате во турнеја со брод. Тура со брод по канали е задолжителна работа во Амстердам бидејќи градот е познат по своите канали и познат како Венеција на Северот. Вкупно има 165 канали, комбинирана должина над 100 километри. Ова е најдобриот и најнезаборавниот начин за истражување на градот.

Прошетка низ плоштадот Dam Square. Без оглед на времето, секогаш има нешто што се случува на плоштадот Dam Square.  Од сите атракции на Dam Square, Кралската палата е скапоцен камен во круната. Иако веќе не е дом на холандското кралско семејство, овој кралски дворец од 17 век сè уште се користи за  официјални приеми.

Речиси еден милион велосипеди се движат низ градот, може да биде еден предизвик и еден од најдобарите начини да се види градот. Велосипедизмот е нај забавениот и најлесниот начин да се движете во  Амстердам исто како што тоа го прават мештаните!Нема недостаток на излетнички места во Амстердам. Посетете некој од парковите во Амстердам. Има повеќе од 30 паркови.

Многу музеи во Амстердам зборуват за холандската историја и уметност. Rijksmuseum е националениот музеј на Холандија. Овој музеј е стар повеќе од 200 години, со многу артефакти што се сведоци на последните 800 години на холандската историја и уметност. Исто така, треба да го посетите музејот на Винсент ван Гог, тој се наоѓа веднаш до Риксмузеумот.Патување во предградието на Амстердам. Градот може да го задржи вашето внимание неколку дена. Треба да пробате некое патување надвор од градот. Има толку многу прекрасни села како  Harlem, Zaanse Schans, Muiden, Zandvoort  and Bloemendaal.

Travel Advisor – YouTube kanal.

Есенски дестинации , Милано

Пет дестинации каде фотоапаратот е „задолжителен“

Микс на цивилизации „Church Hagia Sophia“ – Истанбул

 

Previous articleМалта – убава и во есента
Next articleПариз на порталот на „Travel Advisor„