Оваа се неколку апликации кои можете да ги најдете на интернет и кои претежно можат да се инсталираат на повеќе оперативни системи за компјутер или телефон и се наменети за користенје од патници или туристи.
Companion – „Stay Safe, Stay Connected“ – едноставна за користење, оваа апликација ви овозможува некој близок да ве следи виртуелно и да знае каде се движите. Некогаш ќе треба да поминете низ некој град или држава која не е безбедна. Со помош на оваа апликација може да назначите некој кој ќе го следи вашето движење за време на патување. Личноста која сакате да ве следи нема потреба да ја има оваа апликација на својот мобилен телефон, туку ќе добие порака за тоа каде сте. Исто така, апликацијата има опција со која може да ве прашува дали се е во ред, а ако не одговорите за 15 секунди, апликацијата ќе обавести одредена личност за тоа. Друга занимлива опција која ја има апликацијата е звук кој би требал да исплаши напаѓач. Во Индија, на пример, се подготвува закон според кој секој мобилен телефон ќе треба да има опција за итни случаи.
Grab – изминатите години значајно паѓа квалитетот на услугите во авионите, па така во многу од нив не се нуди храна или истата се наплаќа по неповолна цена. За оние патници кои ќе огладнат, а не се снаоѓаат лесно на некој нов аеродром, но и за останатите, апликацијата Grab е одлично решение. Кога ќе се приклучите на бесплатна WiFi мрежа, која е вообичаена на голем дел од аеродромите, отворете ја апликацијата, изберете понуда и однапред нарачајте си оброк. Со ова ќе избегнете чекање во ред. Апликацијата засега работи низ аеродромите во САД и се шири низ Европа.
FlightAware – секој петти лет касни или е откажен. Во случај на откажување на летот, авиокомпанијата мора да ве упати на некој друг лет, без разлика дали директен или не. За сите е во интерес што е можно побрзо да ве одведат до вашата посакувана дестинација така што ќе ја намалат можност да ви платат и да изгубат патници поради незадоволство. Проблемот е во тоа што летовите се во главно полни и кога ќе се појават стотина или повеќе од стотина патници, не е лесно сите да бидат пренасочени брзо и ефикасно. Оваа апликација ќе ве предупреди така што ќе се најдете во предност пред останатите патници, а оние кои први ќе се јават имаат најголеми шанси брзо и квалитетно да бидат упатени на друг лет.
Citymapper – да, апликациите со мапи ги има многу. Но, во главно се онлајн апликации и не даваат дополнителни информации. Оваа апликација има за цел да биде поинаква, така што е нешто помеѓу водич и карта на градот. Иако е ограничена на неколку градови, истата се шири. Ако сте во Барселона, Рим, Берлин, Москва, Истанбул апликацијата би можела да ви помогне. Најдоброто од апликацијата е градскиот превоз за кој се означени сите станици и ви помага при избирање на станицата и на близината на вашата дестинација.
SAS Survival Guide – ако одите во природа, особено ако ви е непозната средината, добро е да знаете како да си помогнете во преживувањето ако нешто тргне наопаку. „Водичот за преживување на САС“ е настанат како книга пред 20-тина години. Ја напишал бивш припадник и инструктор во елитната воена единица на британската војска, Џон Вајсман. Од тогаш таа е меѓу најпопуларните книги од овој вид. Преку апликацијата може да научите како да преживеете напад од мечка или како да се извлечете од жив песок. Секако, ако вашиот мобилен телефон е во близина, има корисни совети за пустините, поларните краишта и слични екстремни средини.
Travel Advisor
посетете го YouTube каналот
Индонезија , рајскиот остров Бали
Zanzibar – jer nam jednostavno treba odmor
Домениканска Република