Пирин разубавен преку погледот на Гранд Хотел

Пирин разубавен преку погледот на Гранд Хотел

Банско Пиринскиот бисер е фасцинантна симбиоза на историјата, традицијата  и културата а овде ќе го презентираме и преку фото-албум од преубавиот ГРАНД Хотел.

 

Со сето она што посетителите можат да го најдат тука – стара архитектура, фолклор, древна култура, сочувана традиција и обичаи, уникатна кујна, неверојатен локален хумор ,разновидни планински пејсажи и прекрасни патеки за скијање.

Пирин разубавен преку погледот на Гранд Хотел

Банско Пиринскиот бисер претежно го покрива најубавиот дел на планината Пирин, делови од котлината на Разлог и живописната Моминска клисура . Банско зафајќа  површина од 49.621 хектар.

Пирин разубавен преку погледот на Гранд Хотел

 

Климата е континентална со медитеранско влијание и во планинските области. Летото е кратко и свежо, а зимата е снежна, мека и долга. Просечната температура во јануари е – 1,9 степени целзиусови, снежната покривка на ски-теренот трае во просек шест месеци во годината, а летните температури се од +25 до +35 степени целзиусови. Природата е најголемото богатство на општина Банско. Во 1962 година, Управата за заштита на природата го прогласи Вихрен како најубав дел од Националниот парк “Пирин”.

Пирин разубавен преку погледот на Гранд Хотел

 

Во 1974 година тој е проширен и преименуван во Национален парк “Пирин”.Oвој мал дел од Банско Пиринскиот бисер, ги вклучува во себе вековните бело-смрекови области,старите борови шуми , остри планински врвови и смарагдни езера. Поради оваа уникатна природа Националниот парк” Пирин “е признат за област од светска важност и по мислење на УНЕСКО од 1983 г.е вклучен во Конвенцијата  за заштита на светското културно наследство.Блиску до Банско се наоѓа Добриниште каде има  скијачки центар , лифт со седишта, добри ски-патеки, таверни и соодветни хотелски објекти. Минералните извори во населбата имаат влијание врз развојот на бањскиот туризам.

 

Пирин разубавен преку погледот на Гранд Хотел

 

Банско се наоѓа на 925 метри надморска височина. Тоа е 150 километри одалечено од Софија и 150 километри од Пловдив, 60 километри од Благоевград и 40 километри од Гоце Делчев.

Пирин разубавен преку погледот на Гранд Хотел

Во општината Банско поминува пругата Добриниште – Септември, која има врска со железничката линија Софија Пловдив . Дванаесет километри асфалтиран и реновиран пат Банско – “Вихрен”. Лифт со кабини го поврзуваат градот со повисокиот дел на планината и ски-областа.

Пирин разубавен преку погледот на Гранд Хотел

До Банско има редовни автобуски линии од автобуската станица до централната автобуска станица во Софија и околните градови.Цела година туристичкиот оператор Атлантис (http://www.atlantis.mk/mk/index )нуди комплет понуди за сместување  кои вклучуваат и превоз. Најблискиот аеродром е 150 километри во Софија.

Travel Advisor – Travel

 

10 Совети за патување што треба да ги знаете

Национален музеј на Босна и Херцеговина

Зошто ја сакаме Ибица