Travel AdvisorTravel Advisor

Бејрут нова ѕвезда на блискиот исток

Бејрут, цветниот, космополитски главен град на Либан, долго време имаше лоша репутација.

По триесет години од завршувањето на граѓанската војна, градот вложи милијарди во обнова и промовирање на туризмот и како резултат на тоа, бројот на туристи полека се покачува. Градот почна да ја намалува репутацијата како небезбедна  дестинација, и се повеќе патници се упатуваат таму за да ја истражуваат живописната и разновидна култура  на Блискиот исток. Бејрут некогаш беше познат како „Париз на Блискиот исток“ и ќе наидете на многу  европска архитектура, како и високо образовани луѓе од локалното население, со познавање на англиски и француски јазик.

 

КУЛТУРА

Денес ќе најдете трагови на културите од целиот свет претставени овде на уникатно либански начин. Некои улици ќе ѓи препознаете како денешен Париз, додека други се  како правливите улички на Каиро , одеднаш ќе помислите дека сте завршиле на плажата во Мајами. Како и 5000-годишна историја која вреди да се истражи само по себе,  развојот на настаните што го обликуваа денешниот Либан значи дека Бејрут е уникатно космополитски и полн со енергија што е тешко да се најде на друго место на Блискиот исток.

ХРАНА

Тој е дом на tahini, falafel, kofte , mezze (последните две незнам како да ги преведам 🙂 ) не е мала шансата дека веќе сте уживале во вкусните специјалитети  на либанската кујна и на други локации особено околу средоземјето. Бејрут е центарот на либанската храна и местото каде што треба да одите, доколку сакате ефтини и свежи јадења од една од најпопуларните кујни во светот. изминативе години се по прочуена е либанската храна, при што  се отвараат ресторанти со либанска храна низ Велика Британија и други земји пошироко и се повеќе луѓе ја сакаат таа храна. Бејрут ви овозможува да го доживеете најдоброто од либанската храна на секое ниво, од ефтини  колички за улична храна, па сè до ресторанти со елегантно убаво јадење кое ја заслужува својата цена.

ЗАБАВА

Заедно со Дубаи и Тел Авив, ако сакате да се забавувате на Блискиот исток, сторете го тоа во Бејрут. Алкохолот се точи слободно во овој град и има  низа ноќни клубови од светска класа каде што можете да  танцувате цела ноќ со некој од најдобрите диџеи во светот. Ако сте само еден викенд таму, погрижете се да го посетете BO18, некогашно засолниште за бомби а има (т.е.нема) покрив со поглед кон ѕвездите.

Бејрут минува низ промени со неверојатна брзина, со повеќе места што  се отвораат и затвораат секоја недела дури и во овој многу енергичен град ѓи збунува и изненадува и почестите посетители.

Travel Advisor

YouTube

Мадрид град полн со изненадувања

Израел , земја на верите

“Koh Kood” – Тајланд каков што некогаш бил

Previous articleБожиќни саеми во Европа
Next articleПирин разубавен преку погледот на Гранд Хотел