Travel AdvisorTravel Advisor

БОЖИЌЕН МАРКЕТ на МАЛТА

Малта и нејзините сестрински острови Гозо и Комино – лоцирани во центарот на Медитеранот, со многу поволна клима и голем број сончеви часови и кристално сини води, претставуваат вистински рај за оние кои сакаат да доживеат ново искуство.

Историското наследство на Малта сведочи за 7000 години долгата цивилизација и различни народи кои ја освојувале оставајќи свои траги, а својата слава ја доживела за времето на познатите витези од редот на Свети Јован. Наследството на различните доминации кои владееле над островите во текот на вековите може да се видат, почувствуваат и восхитуваат. Оваа необична мешавина на култури, мноштво на историски споменици и туристички атракции, придонесува Малта да зрачи со посебен шарм.

Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг.  Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Првите остатоци на градот датираат уште од неолитот, но првата тврдина започнала со градба од страна на Феничаните, подоцна продолжена од Римјаните. Денешниот изглед тврдината го добива околу 17 – ти век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред. Оваа тврдина во минатото неколкупати била уништувана, што е главна причина мал дел од истата да е во оргиналната градба. На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е импресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот музеј.

Валета и Мдина,  се наоѓаат во централна Малта и посета на стариот главен град на островот, Мдина, уште познат и како тивкиот град. Додека се шетате низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, може да се искачите на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров.

Продолжете кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“,изградена во 19 – ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата. Продолжуваме кон занаетчиското село Ta’Qali (поранешен воен аеродром), каде што се наоѓаат најразлични занаeтски услуги, како изработка на стакло, филиграни, дрвенарија, чипка и различни сувенири од островот.

Градот изграден од Витезите на Св. Џон , со своите знаменитости Градините Горна Барака (Upper Barrakka Gardens) и неверојатен панорамски поглед на Големото пристаниште (Grand Harbour), како и  Ко – катедралата на Свети Јован (St. John’s Co – Cathedral), дом на ремек – делото на Караваџо (Caravaggio) – “Обезглавувањето на Свети Јован” (“The Beheading of Saint John”).

Ggantija Templesпостара градба и од египетските пирамиди или Стоунхенџ. Познатата област со огромни карпи Dwejra и познатото селце Xlendi.

Travel Advisor

YouTube

Прво патување за Кина

,,One night in Bankog,, – Тајланд

Божиќен базар во ВИЕНА 2019

Previous articleКракоW , меѓу најстарите градови во Полска
Next article“Bellissima Italia” – Болоња , Фиренца , Пиза