Travel AdvisorTravel Advisor

Божиќни саеми во Европа

За време на Божиќ, сите европски градови се особено шармантно украсени со божиќни светла. Мирисот на варено вино, традиционални јадења и колачи се шири со воздухот. Некои од најголемите божиќни саеми имаат потекло уште од средниот век. Тие во божиќната шопинг-сезона привлекуваат милиони гости од целиот свет. 10 најубави Божиќни саеми во Европа:

Копенхаген

Не сте ги доживеале божиќните светла ако не сте ја виделе редицата од украсни светилки по познатата градина Тиволи во Копенхаген. Таа е долга речиси четири милји. Саемот е преполн со штандови кои продаваат традиционални колачи, точат варено црвено вино и служат суво грозје, бадеми и стапчиња од цимет.

Брисел

Божиќниот саем во Брисел се одржува од 2002 година, но фестивалот “Pleasures of Winter” е веќе омилена станица за Божиќ на Европјаните. Секоја вечер можете да уживате во програмата Musical Light Show, да пробате традиционални специјалитети како што се белгиските вафли, чоколади и необични пива. Ако тоа не Ви е доволно, имате можност за скијање на огромното лизгалиште.

Амстердам

Божиќ во Амстердам е навистина прекрасно искуство. Празничната атмосфера во Холандија започнува во средината на Ноември, но најголемата локална прослава се случува на празникот Свети Никола, кога се одржува голема градска парада. Најголемиот Божиќен пазар е лоциран на Museumplein, величествен пазар, што за време на сезоната се претвора во место полно штандови каде се продаваат сувенири и локални рачни изработки. Посебно искуство е посетата на лизгалиштето на отворено каде што, покрај во лизгањето, се ужива и во празничните светилки и погледот на градските музеи кои го опкружуваат.

Лондон

Купувачката сезона во Лондон започнува со традиционалното палење на божиќните светилки на улицата Регент. Божиќната забава е типична за Лондон, така што изборот на активности е таков што може да ги задоволи дури и најпребирливите.

Дрезден

Ништо не потсетува на овој празник во Дрезден, како божиќниот колач од 4 тони. Божиќниот пазар на Striezelmarkt, осветлен од илјадници светилки е место каде жителите на Дрезден и нивните гости традиционално делат божиќен колач. Историјата на овој саем датира од 1434 година. Ова го прави еден од најстарите германски Божиќни саеми, што од тогаш се повторува секоја година.

Минхен

Божиќната приказна за Михен е сосема поинаква. Во овој град постои “небесна работилница”, во која децата, облечени како ангели, се занимаваат со уметност, изработуваат ракотворби и ги печат познатите божиќни колачи.

Нирнберг

Првиот Петок пред празникот, на галеријата Frauenkirche, се појавува златен ангел кој го рецитира воведниот пролог на еден од најголемите и најпопуларните Божиќни пазари. Воздухот е исполнет со мирис на леб и колачи од ѓумбир. Секоја година саемот го посетуваат повеќе од 2 милиони луѓе, но властите се претпазливи и еколошки свесни, така што ако одите таму информирајте се за забраните.

Прага

Два од најубавите Божиќни саеми секоја година се поставуваат на плоштадот Wenceslas, и на плоштадот во стариот дел на градот во чиј центар е поставена украсена елка. Овој празничен саем треба да се доживее. Можете да купите дрвени играчки, традиционални кристални предмети, ракотворби и да уживате во сезонските специјалитети.

Париз

Дозволете да Ве понесе незаборавната атмосфера на градот на љубовта! Уживајте во возењето со бротчиња по Сена, шетањето по улиците и булеварите, погледот од Ајфеловата кула и слатките закуски во малите слаткарници. Сето ова ќе Ви гарантира незаборавни моменти. Ако на сето ова ги додадеме богато украсените улици и убавите Божиќни саеми, како што е саемот на Монмартр, доаѓањето во Париз со сигурност станува настан за паметење.

Рим

Сцените на Христовото раѓање ќе ги видите низ целиот Рим. Божиќниот саем се одржува на плоштадот Навона. Празничното искуство што го пружа Рим не може да се доживее на ниедно друго место. Божиќ во Вечниот град е неописливо искуство, поради празничната и раскошна атмосфера што владее во Ватикан за време на празниците. Најдобро е да прошетате низ Piazza del Campidoglio, да ја почувствувате романтичната атмосфера на Fontana di Trevi и да се искачите по Шпанските скали до црквата Trinité де Монти.

Travel AdvisorLifestyle

Посетете го нашиот Youtube канал.

Петте најпознати градби во Милано

Најубавите градови во Европа

Магичниот Божиќ во Дарувар

Previous articleVail Resorts компанијата – водечка во ски-светот
Next articleНајубавите градови во Европа