Travel AdvisorTravel Advisor

Варшава како главен саемски град во Централно-источна Европа

 

Погледот од врвот на платформата за набудување на 30-ти кат на Палатата на науките и културата во срцето на Варшава, ви дава чувство на величенственост на главниот град на Полска во моментов.

Облакодери во стилот на Менхетен дизајнирани од водечки архитекти беа групирани во правец на аеродромот, и уште многу повеќе се планирани за градба.Редовната глетка на авионите што се приближуваат кон меѓународниот аеродром Шопен, укажува на близина до центарот на градот.

Во 2019 година, пристигнувањата на патниците на полските аеродроми се зголемени за 17% во однос на 2018 година.Овој успех и покачувањето на перформансите Полска ја  промовираа во групата развиени земји во Индексот FTSE Russell во 2019 година. Според ICCA, бројот на слетувања-полетувања на  Варшавскиот аеродром се зголемил за повеќе од двапати (за 144%) меѓу 2009 и 2019 година.

 

PGE Narodowy стадион

Друга супер структура за посета, која е лоцирана крај реката Висла во областа Прага, е националниот стадион PGE Narodowy во форма на круна, кој уште се нарекува црвено-бело „гнездо“. Отворен во пресрет на Еуро 2012 како централно место на фудбалските првенства, оваа архитектонски рафинирана и мултифункционална арена, има можност да биде домаќин на глобални настани со најсовремен конференциски центар и 22.000 квадратни метри изложбен простор.

Ролинг Стоунс одржаа концерт токму на овој стадион,  Конференцијата за климатски промени на ООН 2014 и Самитот на НАТО во 2016 година исто така го користија стадионот.

Музеј на полски водки

Исто така, полскиот музеј Водка, чии мултимедијални експонати ја раскажуваат 500-годишната историја на полската Водка. Поранешната дестилерија Koneser Vodka што датира од 1897 година, заедно со поврзаните згради може да понуди значителен простор за настаните на MICE.

????????????????????????????????????

Дејвид Одела, директор за продажба на ЕКСПО XXI Варшава, главно место со скоро 20-годишно искуство и 3000 настани, изјави„Во моментов, постои јасен тренд и раст на случувањата во овој објект, и нови настани во областа на е-трговијата“.Директорот на Фестивалот за маркетинг, што ќе се одржи во текот на септември 2020 година, наведува„Најважно за нашите посетители е саемската програма, локацијата, удобноста и секако искуството на организаторот. Веруваме дека EXPO XXI Варшава сè уште е најдобро место за саеми b2b “.

Меѓународна изложба и Конгресен центар

Ptak Warsaw Expo

Тој е отворена во 2015 година и неодамна беше рангиран на првото место во Полска и на 19-то место во Европа, во однос на вкупниот простор, од страна на „Глобалното здружение на изложбената индустрија (UFI)“. Всушност, PTAK е најголемиот изложбен центар во цела Централно-источна Европа (ЦИЕ), кој нуди шест сали со комбиниран простор од 143.000 квадратни метри.

Големината  на објектот, обезбедува простор за настани од целиот свет во категориите B2B и B2C да се испреплетуваат и коегзистираат. Примери за ова има повеќе , Неделата на автомобили во Варшава, Go Active и Warsaw Industry: Ptak Warsaw Expo е  организатор на скоро 30 настани  и ги развива сите нив – тие растат за повеќе од 30% годишно. PTAK е сè уште многу млад организатор, но развива првокласна репутација како главен организатор на саеми  “, рече Занета Берус, извршен директор на In21Win и советник на одбор на PTAK Варшава.

Travel Advisor

YouTube

Апликации кои ќе ви го олеснат патувањето

Каиро , градот “каде што сонцето изгрева”

Музејот Данубијана – лоциран во срцето на Европа

 

 

 

 

 

Previous articleМирисот на пролетта , Белград во март
Next articleФилипините со својот уникатен ентитет