Travel AdvisorTravel Advisor

Атина , март 2020

Една од најубавите и блиски дестинации која можат туристите од Балканот да ја посетат а при тоа да бидат задоволни од атмосферата на виртуелен времеплов поминувајќи за неколку дена места од старата антика ,раното и византијското христијанство па до најмодерните структури во сите области на општеството е Атина еден од најубавите градови на средоземјето.

 

Откако ќе дојдете во Атина ви предлагаме панорамска прошетка  на еден од најзначајните градови во светот. Атина е призната како центар на културата и уметноста во времето кога повеќето европски метрополи сеуште биле во фаза на развој или во поранешниот историски период некои од нив сеуште не биле основани.

Храмот на Зевс, стадионот на Панатанаикос – местото на одржување на првите модерни олимписки игри во 1896 година, Кралската градина, црквата Св.Павле, Собранието, главните градски плоштади Омонија и Синтагма, трите неокласични згради: колеџот, универзитетот и националната библиотека се само дел од убавината на денешната Атина.

Секако посетете го и бисерите на Атина – древниот Акропол со прекрасните храмови: божицата Ника, Партенон и Еретеон.

 

Кога сте веке во близина неизбежна е посетата на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море).Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар).гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон).

 

Овде во локалните таверни може да си приуштите мал одмар и добар оброк со добро грчко вино, како и посета на работилница – продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика.Како една од знаменитостите на Атина е и историското сега можеби најсофистицирано пристаниште на егејот Пиреја – најголемото пристаниште во Грција.

 

На западниот брег на полуостровот со бројни познати туристички места и најужниот врв на Балканскиот полуостров – р`тот Сунион, на кој се издигнуваат прекрасните остатоци од храмот посветен на богот на морето Посејдон.

Travel Advisor

посетете го YouTube

За комплет аранжмани за патувањата во март информирајте се овде

„Колосалниот„-Родос

City Break ,City Break ,City Break …

Будимпешта градот со многу епитети

Previous articleЧоколадо и Вино , патот на љубовта
Next articleТајланд во рана пролет