Travel AdvisorTravel Advisor

Венецијанскиот карневал-убавината со маска

 

Историјата на карневалот во Венеција

Во карневалските денови, благородниците можеа да се облечат како слуги, а слугите  како благородници. Жените и мажите можеа да ја заменат својата облека и да ги дознаат тајните на спротивниот пол.

Карневалската историја започнува во времето на Стариот Рим. Во тоа време, за време на зимската краткодневица се славеше „Saturnalia„. На оваа прослава на робовите им беше дозволено да се забавуваат со своите господари.

Со исчезнувањето на античката култура и доаѓањето на новата религија, христијанството, традицијата не исчезна, туку доби само нова форма. Зачувани беа обичаите и маските, карневалски костими за веселба и луда забава.

За време на карневалот, сè било дозволено. Од претерување со храна и пиење до слобода во љубовта. Мажите понекогаш маскиани во жени оделе во манастирите.

Поради тоа, Советот на десетемина, централно државно тело на Венеција во тоа време, на 12 февруари 1339, го забранил носењето маски, бидејќи разни измами и прекршоци се случувале под маски. Колку Венецијанците ги задржале овие забрани е фактот дека Советот на десетмината морал да забрани повторно носење маски неколку пати: 1458, 1461, 1502, 1504, 1606.

Дека венецијанците навистина сакале да се маскираат,  докажува одредбата од 1608 година, со која се забранува носење маски во текот на годината! Со оваа одредба може да се биде маскиран само во времето на карневалот.

Маскирањето развеселува луѓе ширум светот илјадници години. Маската обезбедува слобода од  конвенциите и правилата.

Потеклото на зборот карневал не е сосема јасно. Корените на зборот карневал се толкуваат како означување на последната недела пред Постот (domenica carnis priivii)- недела без месо.

Од името на таа недела во текот на средниот век (најверојатно во Италија), името на „carnem levare„ (да се одстрани месото) еволуираше ,од името на таа недела,во искривена форма – карневали. Името на карневалот,се шири од Италија низ цела Европа.

Второто објаснување на зборот е уште постаро. Тоа е името на „carrus navalis„ означување на бродови поставени на тркалата кои учествувале во некои свечни поворки кои се правеле многу пати во текот на 14 и 15 век во Италија. Обичајот на учество на бродови на тркла  во марш датира многу пред средниот век. 

Венецијанските маски се познати уште од античките времиња. Нивната популарност расте во ренесансата а кулминацијата  ја доживуват во 18 век.

За време на карневалот, Венецијанците се маскирале на разни начини. Најчести  маски и костими биле рибари, доктори, астролози, ловци, селани, пекари,месари и улоги  од комедиите (Arlecchino, Brighella, Colombina, Pulcinella).

Научниците веруваат дека првите маски се појавиле пред повеќе од 20.000 години. Тие дошле до овој заклучок со проучувањето на цртежи во пештерите  на  југот од Франција, каде што има луѓе со глави на животни. Маските ги користиле дури и старите Грци да се кријат или да се преправаат дека се некој друг.

http://www.atlantis.mk/mk/index

Travel Advisor – Alpe Adria

Египет – Хургада топ дестинација

Зошто ја сакаме Ибица

10 Совети за патување што треба да ги знаете

Previous articleБудимпешта градот со многу епитети
Next articleМистичноста и егзотичноста на Шри Ланка