Travel AdvisorTravel Advisor

Венеција во „101„ фотографија …

Венеција  — главен град на регионот Венето и провинцијата Венеција во североисточна Италија. Изградена е на 118 мали острови во устието на реката Бренте во Венецијанскиот Залив. Позната е и како „град на каналите“. Повеќе од илјада години Венеција била главен град на Венецијанската Република.

Градот бил основан во 569 година кога група бегалци, за да се спасат од инвазијата на Лонгобардите, се населиле во крајбрежната област.

До градот има и железничка пруга и автопат преку големиот „лагунски мост“. На островот Лидо се наоѓа и аеродромот “Марко Поло”.

Венеција има над 170 канали по кои пловат гондоли, чамци, мали параброди и моторни бродови. Најголем е Големиот канал на кој се наоѓа познатиот мост „Ријалто“, а околу 380 помали и поголеми мостови служат за премин преку каналот.

Венеција има многу познати архитектонски и уметнички споменици: Дуждова палата, црквата Свети Марко и деведесет други цркви, богати музеи, уметнички галерии, познатата академија на уметностите, опсерваторија и други научни и културни установи. Во неа се одржуваат и познатиот Венецијански филмски фестивал, Биеналето, Тетарскиот фестивал. Позната е и по изработката на предмети од стакло (потекнува од островот Мурано), чипка, сребро, злато, кожа. Во предградијата на Венеција се наоѓа индустриска зона, а во близина се многубројните плажи, од кои најпозната е Лидо.

Најзначајните економски средства на градот произлегуваат од туризмот, додека другите производствени активности се префрлени на копно, во блиските центри како Местре и Маргера. Од оваа причина многу изворни жители на Венеција се преселуваат а прекрасните венецијански палати се напуштаат и се употребуваат во туристички цели.

Венеција е една од најважните туристички дестинации во светот, поради тоа што градот е еден од најголемите и најубавите градови на уметноста во светот.  Во градот доаѓаат во просек 50.000 туристи дневно . Во 2016 година, тoj беше 28. меѓународно нajпосетeн град во светот, со 2.927.000 меѓународни пристигнувања таа година.

Туризмот е главен сектор на Венецијанскaтa индустрија уште од 18 век, кога беше еден од главните центри за Големата обиколка, поради неговиoт убав градски пејсаж, уникатност и богатото музичко и уметничкo културно наследство. Во 19 век, стана модерен центар за богатите и славните, кои често престојувале или вечерале во луксузните објекти како Даниели Хотелот или Кафе Флориан. Тој продолжил да биде модерен град во раниот 20 век.  Во 1980 година, Карневалот во Венеција беше оживеан и градот стана еден од главните центари зa меѓународни конференции и фестивали, како што еe престижното Биенале во Венеција и Венецискиот филмски фестивал, кои привлекуваат посетители од целиот свет поради своите театарски, културни, филмски, уметнички и музички продукции.

Денес постојат голем број атракции во Венеција, како што се базиликата Свети Марко, Големиот канал и Плоштадот Свети Марко. Lido di Venezia е исто така популарна меѓународнa луксузнa дестинација, која привлекува илјадници актери, критичaри, познати личности и луѓе филмската индустрија.

Сепак, популарноста на Венеција како главна туристичка дестинација во светот предизвика неколку проблеми, вклучувајќи го и фактот дека градот може да биде многу пренатрупан на некои периоди од годината. Некои тоа го сметаат за туристичка замка, а од другите како „жив музеј“  За разлика од повеќето други места во Западна Европа и во светот, Венеција стана широко познатa по своите елементи на елегантна рушевина. Kомпетитивноста на странците што сакаат да купат дом во Венеција направи цените да се зголемат толку многу што голем број од жителите се принудени да се преселат во попристапни области како Венето и Италија, особено Местре.

Подетални информации за комплет аранжмани за Венеција имате на следниот линк.

Travel Advisor – travel

YоuTube

Мистичноста и егзотичноста на Шри Ланка

Луксуз и убавина во срцето на Истра

Зимската магија во Кутина – откријте ја оваа зима

Previous articleТајланд во рана пролет
Next articleПосетата на Мароко е како да ги вртите страниците на некои свети персиски ракописи