Travel AdvisorTravel Advisor

„Верувале или не„ за Аргентина

Периодот пред Колумбо

Територијата на денешна Аргентина била ретко населена пред доаѓањето на европските колонисти. Индијанскиот народ Диагуита живеел на овие простори во денешна северозападна Аргентина, во соседство со Империјата на Инките, а недалеку, односно источно живеел и опстојувал народот Гварани.

Колонијална ера

Шпанска колонизација на Америка

Првите европјани на оваа територија стапнале во 1502 година, на чело со Америго Веспучи. Шпанците основиле стална колонија на местото каде денеска се наоѓа престолнината на Аргентина, Буенос Ариес во 1580 година, како дел од Вицекралството Перу. Вицекралството било формирано во времето на Карло V, цар на Светата Римска империја на 20 ноември 1542 година со потпишувањето на кралскиот декрет во Барселона. Веднаш по ова започнала граѓанската војна помеѓу Франциско Пизаро и Диего де Алмагро за тоа кој да управува со Перу.

По создавањето на Вицекралството Рио де ла Плата во 1776 година, Аргентина заедно со денешните земји Парагвај, Уругвај и голем дел од Боливија биле вклучени во нејзиниот состав. Престолнина на вицекралството бил градот Буенос Аирес, кој станал голем трговски и финансиски центар. Ова вицекралство било формирано во 1776 година по неизиното одвојување од Вицекралството Перу. Целта на формирањето била заштита на шпанските колонии од се почестите англиски и португалски амбиции за овој регион.

 

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Географските убавини на Аргентина

Пампас

Рамнините западно и јужно од Буенос Аирес. Наречени влажна пампа, тие покриваат повеќето од покраини на Буенос Аирес и Кордоба, и големи делови од покраините Санта Фе и Ла Пампа западниот дел од Ла Пампа и покраината Сан Луис исто така имаат рамнини (сувата пампа).

Гран Чако

Регионот Гран Чако во северот на земјата има суви/мокри сезони. Најмногу со плантажи за памук. Ги покрива покраините Чако и Формоса. Покриена е со суптропски шуми, тундри и некои мочуришта, и голем број на растениски и животински врсти. Покраината Сантијаго дел Естеро лежи во посув регион на Гран Чако.

Месопотамија

Земјата помеѓу реките Уругвај и Парана е наречена Месопотамија и е поделена помеѓу покраините Кориентес и Ентре Риос. Има рамнини поволни за растење на растенија и Ибера мочуриштата и централните Кориентес. Покраината Мисионес е повеќе тропска и припаѓа на бразилските висорамнини има суптропски дождовни шуми и водопадите Игуасу.

Патагонија

Степите на Патагонија во покраините Неукен, Рио Негро, Чубут и Санта Круз се од трето потекло, повеќето од регионите се пустински. Огнената Земја е ладна и мокра. Северна Патагонија може да се сретне и под името Комахуе.

Западноцентралната Аргентина е доминирана од огромните планини Андите. На нивниот исток има еден регион познат како Кујо. Топењето на водите од височините на планините создале оази на центарот на богато со овошје и вино во покраините Мендоза и Сан Хуан. Подалечните северни региони стануваат се потопли и се посуви.

Реки и езера

Поголемите реки во Аргентина се: Пилкомајо, Парагвај, Бермејо, Колорадо, Рио Негро, Соладо, Уругвај и најголемата Парана. Последните две се соединуваат пред да се влеат во Атлантскиот Океан, формирајќи ја Рио Де Ла Плата. Регионално најважните реки се Ауел и Мендоза во истонаречената покраина Чубут во Патагонија, Рио Гранде во Хухуј и Сан Франциско во Солта.

Има неколку големи езера во Аргентина повеќето од нив во Патагонија. Заедно со нив се Аргентино и Виедма во Санта Круз, Нахуел Хуато во Рио Негро, Фагноно во Огнена Земја, Кохуе Хуати и Мустерс во Чубут. Езерата Буенос Ариес и О’Хигнис/Сан Мартин се поделени со Чиле. Кордоба се најголемите Солени езера во земјата.

Брегови и мориња

Аргентина има 4.665 km долг брег. Континенталната платформа е необично долга; Во Аргентина ова плитко место во Атланскиот Океан се вика Мар Аргентино. Водите се богати со риби и се сомнева дека во неа  има важно хидројаглеродно богатсво. Аргентинскиот брег варира помеѓу места со песочни плажи и со гребени.

Две поголеми океански струи влијаат на брегот се Топлата бразилска струја и Ладната фокландска струја. Поради различната брегова височина, двете струи го зголемуваат или намалуваат своето влијаење и не дозволуваат тампературата да се намалува правопропорционално со височината. Јужните брегови на Огнената Земја го формираат северниот брег на Дракенскиот Премин.

Travel Advisor

YouTube

Турција ,„башка“ убавина …

„Изгубениот град” Петра , Јордан

Слика во оквир – Барселона

Previous article“AND THE LIVING IS EASY” -музички денови на планината „White Pearl„
Next articleМетеори , духовна убавина