Travel AdvisorTravel Advisor

Виена 2019 уметност на убавината

 

Уметноста и културата во Виена отсекогаш билe привлечни за сите нејзини гости. Новите музејски поставки и изложби, концерти, театарски претстави, мјузикли и пловењето до Братислава се само дел од богата понуда што ги очекуваат посетителите оваа година. Виена 2019 уметност на убавината.

Дом на музиката(Haus der Musik)
Кога Виенската филхармонија го одржува својот традиционален Новогодишен концерт на 1 јануари 2019 година, кој се прикажува на повеќе од 50 милиони гледачи на малите екрани, ќе сакате да ја посетите музичката куќа во Виена(Haus der Musik).

Музичката куќа е интерактивен музеј каде што можете да  дознаете сѐ за историјата на музиката во Виена. Интерактивна изложба на првиот кат посветена на историјата на Виенската филхармонија. Посетителите можат да направат и специјална турнеја која вклучува посета на приватната архива на Филхармонијата каде се наоѓаат оригиналните автограми и писма на големите музичари.

Виена 2019 уметност на убавината

Kunst Haus

Во Kunst Haus од март до август 2019 година ќе има изложба на тема селски живот. Целта на изложбата е да се прикаже животот на село како што навистина бил. Оваа изложба на фотографии е дел од новиот FOTO WIEN 2019 фестивал организиран од Kunst Haus, кој ќе се одржи од 20 март до 20 април 2019 година.

Еврејски музеј
Еврејскиот музеј во 2019 година нуди голем број на интересни изложби. До март, музејот ќе прикаже изложба посветена на Кабалата, нејзиниот развој и модерното толкување. По повод 90-тиот роденден на уметникот Арик Брауер, Еврејскиот музеј во април ќе отвори изложба посветена на неговиот живот и работа. Во есента следат изложба за еврејското семејство Ефрус и нивното влијание врз економскиот и социјалниот живот во Европа.

 (Vereinigte Bühnen Wien – VBW)
Театарот „Theater an der Wien„ и операта „Kammeroper“ се меѓу најубавите и најстарите културни институции во Виена. Програма за 2018/2019. Годинава предвидува 13 премиери од барокот до романтизмот. Фокусот е на работата на големите композитори како што се Хендел, Верди и Чајковски.

 

Twin City Liner
Twin City Liner бродот на претпријатието Central Danube ги поврзува двете најблиски европски метрополи – Виена и Братислава. Од 2006 година, за само 75 минути од центарот на Виена до центарот на Братислава. За 2019 година, Central Danube представи нов катамаран со кој ќе се возат гостите. Современиот катамаран нуди повеќе места за седење, а исто така е еколошки по прифатлив од неговиот претходник.

Градската сала во Виена (Wiener Stadthalle)
Спортски настани, изложби, мјузикли, концерти и други настани се само дел од богатата понуда на Wiener Stadthalle во 2019 година. Заедно со концертите на меѓународните ѕвезди како Елтон Џон и Шон Мендес, публиката ќе се забавува и со настапи на австриски музичари.

Виенскиот холдинг се бори да  направи секој посетител да најде нешто за себе, за да ја посетите Виена погледнете ја понудата на Т.А. Атлантис

Travel Advisor – putovanja.

Posjetite naš YouTube kanal.

Москва – град, метропола, историја, футуризам

Малта – атракции и занимливости

Рио де Жанеиро,карневал,плажи,историја

Previous articleКога една фотографија, асоцира на еден град
Next articleРум,пура,музика и Куба