Travel AdvisorTravel Advisor

Во и околу Нагасаки, Јапонија

Nagasaki се наоѓа на Kyushu, трет по големина остров во Јапонија и најјужниот дел од земјата. Секако, не можете да го одминете музејот и спомен-обележјето на атомската бомба, но сепак има и  други атракции кои ја  вклучуваат возобновената холандска трговска пошта во Dejima, која 200  години била единствениот контакт на Јапонија со надворешниот свет и Glover Garden, како и колонијалните куќи од 19 век.

Вистинската причина всушност била лошото време што ги принудило американските авиони да се одкажат од првичната цел  Kitakyushu и наместо тоа да го употребат едно од нај моќните и најразорни оружја во историјата на човештвото и една од двете направени бомби во тоа време да ја фрлат врз  Nagasaki.

Денес , да не беа спомен-обележјата, музејот и Мировниот парк, никогаш не би знаеле дека тивкото предградие на Urakami е целосно уништено. Повеќе од 75.000 луѓе умреа, а 75.000 беа тешко повредени, но (ако е за утеха) можеше да биде и полошо – долината и планините обезбедија заштита и две третини од градот беше поштеден.

Блескавите светла на  го направија Нагасаки град со  „Најдобар урбан ноќен поглед“ заедно со Хонг Конг и Монако во 2018 година. Жичарница ве носи на врвот на планината Инаса и најдобро е да се стигнете таму пред зајдисонце. Погледот е спектакуларен на дневната светлина, но, како што сонцето заоѓа, светлата се вклучуваат и месечината изгрева, веројатно ќе се согласите дека е таму најдобриот поглед на градот.

За да го осетете планинскиот воздух, искористете ја широката мрежа на пешачки патеки во Националниот парк Унзен, сите  обележани на англиски јазик. Активни вулкански кули над градот и планината Фукен кој бил активен последен пат во 1990 година,  сè уште од него излегува пареа. Можете да одите со жичарница до Myoken и да добиете широк поглед на Арикејското Море. Посетете ја оваа област во доцна пролет кога розовите Азалеа цветаат или есента кога лисјата се маѓично обоени во црвени и жолти бои.

Previous article“Gulyás” , на десет места во Будимпешта
Next article“Aurora borealis” од каде се гледа најубаво