Travel AdvisorTravel Advisor

ГАУДИ & БАРЦЕЛОНА -повик за патување

Туристите ја посетуваат Барселона од различни причини. Многумина доаѓаат да ги видат некои од најпознатите клубови во светот, некои доаѓаат да пливат или одовде да се качат на крстарење, некои доаѓаат за шопинг, а најмногу за да го видат градот.

Што ja прави Барселона најубавиот град во светот за многу посетители?

Еден важен фактор за тоа тврдење можеби е неговото име и презиме ,Антони Гауди Корнет (1852 – 1926) и бил архитект чии архитектонски ремек дела се безвременски. Делата на Гауди го поставија во модернистичкото движење, но неговиот необичен стил го означи како еден од највлијателните архитекти од минатиот век. Неговата Саграда Фамилија е најпосетувана атракција во Шпанија, а седум од неговите ремек-дела се прогласени во УНЕСКО за светско наследство.

Религијата имала огромно влијание врз неговото дело, поради што тој бил именуван како “Божјиот Архитект”. Бидејќи бил целосно посветен на своето дело, тој останал сам во  животот. Некои денес дури и се залагаат за негова битификација. Починал откако бил прегазен од трамвај. Гауди не посветувал внимание на облеката што ја носел, па луѓето го сметале за просјак. По несреќата тој не добил соодветна грижа и починал во болница два дена подоцна.

По неговото полагање, Барселона остана со прекрасни ремек-дела, поради што многумина ќе тврдат дека Барселона е најубавиот град во светот. Ние ви донесуваме листа на најзначајните:

Ла Саграда Фамилија – Тоа е најпознатото дело на Гауди. Зградата на црквата е започната во 1892 година. Крајот на работите се очекува да бидат во 2030 година.

Таа ја претставува односот меѓу човекот, природата и верата преку скулптури и фасадата. Препорачуваме качување на една од кулите за доживување на спектакуларен поглед кон градот. Редот за влез може да биде долг, но преку некои агенции можете да добиете приоритет, ако ја резервирате својата турнеја во градот овде.

La Pedrera – За многу архитекти ова е најоригиналната станбена зграда во историјата на архитектурата. Се наоѓа на најубавата авенија во Барселона – Пасеиг де Грасија. Таа е под заштита на УНЕСКО од 1984 година. Зградата се чини е повеќе  скулптура од станбена зграда.

Palau Güell – палатата во која живее семејството Гуеле, не изгледа како другите дела. Фасадата е сосема поинаква, но внатрешноста и покривот го откриваат Гауди со својот генијален стил.

Casa Batillo – всушност е реставрација на постоечка зграда во 1904 година. Каталонскиот Art Nouveau е препознатлив по керамичките плочки, камен и железо. За време на изградбата, изгледот бил прилично критикуван, но во 1906 година зградата е прогласена за една од трите најубави.

Casa Calvet – камената фасада го одразува влијанието на барокниот период. Балконите се нешто слични на оние на Casa Batillo. Името го наследи од богатото семејство на  индустријалци – Калвет.

Bellesguard е исто така позната како Casa Figueres – се наоѓа во  –  Sarria – Sant Gervasi  област во Барселона. Земјата каде што се наоѓа припаѓала на кралот Арагонези . Инспирацијата на Гауди била средновековен замок што порано бил лоциран таму.

Colegio de las Teresianas – Иако Гауди не ја започнал изградбата на овој објект, тој го завршил, и неговото влијание е видливо во целост.

Зградата е изградена од црвени тули, бидејќи манастирот што го нарачал немал доволно пари. Материјалите и орнаментите се доста едноставни. Особено интересни се вратите што не можат да се отворат однадвор.

Travel Advisor

YouTube

Хургада , море со седум бои

Турција ,никогаш поевтина , секогаш убава

Прво патување за Кина

 

 

Previous articleПооооортугалија преубава а ефтина
Next articleГрција нашата убава сосетка