Travel AdvisorTravel Advisor

Дали патувањата не прават поздрави и расположени?

 

Членовите на групата Travel Advisor особено од женскиот пол во последно време напишаа многу постови за тоа дека патувњата (особено со пријателките) ги прават по здрави и подобри личности.

Знаеме дека патувањата потикнуваат добри вибрации и патникот се осеќа подобро , физички зајакнува и добива  кондиција (тука не се мисли на лежачите по плажи) па и психички се чуствува многу подобро заради тоа што не мора да ги решава секојдневните проблеми туку има предизвик да ги решава проблемите и задачите за патувњето.

Последните генерации млади луѓе , како најпотентна група која најмногу троши , спрема америчките истражувања , не купуваат автомобили , електроника , часовници и др. Тие рентат мотори или автомобили и патуваат по Калифорнија , се качуваат на Андите, одат на концерти. Дури 72%, повеќе би сакале да потрошат на искуство отколку на предмети.Па дури и во групите со други старосни граници денеска тоа e така , можеби за некој процент помалку но сепак  се во мнозинство.

Во денешно време се повеќе преовладува мислењето , подобро да се потроши на искуство од некое патување кое ќе го паметиме цел живот отколку на материални ситници со минлива вредност.За волја на вистината луѓето сакат да се фалат со своите предмети кои ги имаат но наскоро останува празнина бидејки едноставно предметите стареат .

  За разлика од материалните предмети , доживувањата се сосема нешто друго. Тие остануваат за секогаш со нас и затоа можеби понекогаш се чуствуваме по благодарни кон доживувањата отколку кон предметите.

Тоа го докажаа и истражувањата. Плаќањето и купувањето на патување не прават посреќни отколку купувањето на предмети. Луѓето кои трошат на искуства се посреќни од оние кои трошат купувајќи предмети. Што и да се купи материално па дури можеби и нов автомобил или нова куќа после некое време се стари.Со искуствата е некако подруга ситуација , затоа што се уникатни и со текот на времето како да се засилуваат.Ако некогаш сте биле на фото-сафари во Африка или сте се спуштале по некои незаборавни снежни падини , можеби сте биле и сте се сончале на некоја прекрасна плажа,гледајки неопишиви зајдисонца , тоа ќе се памети цел живот.

Всушност збирот на искуства во животот не прави такви какви што сме. Некои теории пак велат дека искуството е збир на грешки но испреплетени и со збир на убави доживувња на кои се сеќаваме радосни. на грешките ,пак, се учиме , но да знаеме дека се грешки треба да ги доживееме. така некако е и филозофијата за патувањата , не прават посреќни и подобри како личности.

Искуствата од патувањата многу силно влијаат на општествените односи. Кога ќе доживееме нешто со некој тие остануваат за секогаш дел од тоа искуство. Тоа на некој начин не врзува со другите луѓе за разлика од материалното кое најчесто не одалечува.

На крајот слободно можеме да констатираме дека повеќе сме среќни кога трошиме на патувања отколку на купување на материални предмети. Искуството не прави тоа што сме можеби и материланото но не толку дирекно. Оваа е многу поширока тема и сигурно треба понатамошни истражуванја во областите на човековата психологија ,социологија и комуникологија.

Travel Advisor

YouTube

Дали знаете дека …

Најдобар начин на патување…преку агенција

Египет – Хургада топ дестинација

 

 

 

Previous articleНеделна релаксација со хумор и сарказам
Next articleПет причини зошто да патувате повеќе во 2019