Travel AdvisorTravel Advisor

Да, Да и тоа е Москва

Кога ќе се спомне Москва веднаш не асоцира на познатите слики и објекти од подалечната или кумунистичката историја на Москва , да не ги набројуваме бидејки се премногу и многу познати. Но,Москва е грандиознa, Москва е монументална, Москва е метропола различна од кој било друга во светот. Знам дека нема друг град како Москва, за неа не можете да кажете дали ја сакате или не ја сакате. Москва е едноставно над тоа.

Разликата меѓу Москва од времето на комунизмот и сега е огромна,бидејќи градот е изграден. Новите згради не ја нарушија визијата на историскиот центар на градот. Тие едноставно се лоцирани на друга страна, така што деловниот и финансискиот центар сега се наоѓа во облакодерите неколку километри од центарот. Развојот беше брз и ефикасен поради неисцрпни резерви на нафта и гас и многу други минерални суровини. Резервите сеуште се неисцрпни, но санкциите и нафтената криза ги намалија цените и извозот, со што го забавија развојот.

Од друга страна, оваа економска ситуација резултираше со зголемен број на странски туристи, главно европски. Сега тие можат да си дозволат да останат во Москва, која неодамна се сметаше за еден од најскапите градови во светот. Рубљата е девалвирана за околу 40% во однос на еврото.

Добрите хотели со четири ѕвездички можат да се најдат во поширокиот центар во центарот на градот за само 100 евра по соба / ноќ, вклучително и појадок, хостелите за многу пониски цени , а исто така има и зголемување на бројот на станови за изнајмување.

Метроата  пристигнуваат на станиците на секои неколку минути. Многу ретко патоказите се на англиски, но ќе ги најдете само ако упорно ги барате инаку повеќето се на кирилица.  Станиците на централните линии личат на музејски сали.

Цените на рестораните се слични на оние во Европа. Има поскапи, а има и поевтини. Истото важи и за шопингот, а мора да го видете “Гум” – најспектакуларната стоковна куќа во Европа.

Тоа е дел од денешната слика на Москва бидејќи освен препознатливите Кремљ, Црвениот плоштад, и др. историски и многу познати локации таа има и едно модерно лице. Автомобилите, исто така, не се веќе „историските„ жигули , ВАЗ , Москвич , затоа што на патиштата и булеварите некој би помислил дека Мерцедес го продава целото свое производство тука, особено на high-end моделите.

Москва исто така е многу добро поврзана со Европа. Аерофлот работи со модерни авиони, Москва е подеднакво атрактивна во зима кога е во снег облечена на -20 ° C, како што е во пролет или во жешкото лето.

Москва е сигурено одличен град за истражување.

YouTube

Travel Advisor – Travel

Зачини , заради нив почнале патувањата

Што да се прави кога падне ноќта? – Сингапур

Пет причини зошто да патувате повеќе во 2019

 

Previous articleХургада , море со седум бои
Next articleСејшели , острови на „вечното сонце“