Travel AdvisorTravel Advisor

Незаборавни летни доживувања за вашите деца

.“Пријателствата формирани овде траат засекогаш, песни на камперите кои враќаат убави спомени, ноќи со многу смеа, солзи при заминување и ветување за повторна средба следното лето„..

За денешните генерации деца и тинеџери се сосема нормални интернет социјалните мрежи ,преку кој остваруваат брзи и далечни комуникации со своите врсници или истомисленици.Но секако не треба да го изоставиме и аспектот на реалниот раст и развој на децата кој ќе им помогне во денешното општество да се развијат во вистински личности. Еден посебен дел кој опфајќа социјализација на децата во денешно време се секако и детските кампови, кои низ цел свет се организираат врз база на заеднички интереси на децата или пак релаксационо – едукативните летни кампови каде се развиваат другите социјални аспекти на една личност и комуникативни способности во денешното глобално „село„.

Лето, море, пливање, игри, спорт, пријатели, борба со перници, надворешно кино, диско, чистота, мирисот на борови дрвја…  Магично место каде зеленото се спојува со синото, планината со морето, играњето и безгрижноста со одговорноста, нудејќи на децата единствена можност да бидат во контакт со природата и со себеси.

 

Тоа се  организираните  детски кампови  на познатите летувалишта во Грција сместени на вториот крак на Халкидиките со беспрекорна организација на сите потреби на децата каде е обезбедена стручна и професионална подршка од вработените во камповите.Посебен приоритет претставуваат безбедноста и здравјето на секое дете во  камповите.

 

Денеска се  организираат мултинационални кампови кои пронаоѓаат заеднички интереси кај децата и по таа основа се формираат . Така имаме математички,јазични , физички , шаховски ,спортски и други видови на кампови организирани на овој начин.

Сепак најинтересни од сите се летните кампови кои се организираат баш за одмор и забава полни со игра , спортски активности , пливање и смеење , што во суштина е и најпривлечно кај децата и тинеџерите. Во оваа смисла овде ќе се осврнеме на неколку кампови од тој карактер , на само неколку часови одалеченост од било која локација во Македонија .

Според сите изјави на досегашните наши учесници , учеството во овие кампови , за децата представува можност за осамостојување и заедничко живеење со свои врсници, дневна активност од најмалку 14 часа на ден , спортски активности какви што само може да посакаат, вечерни забавни  со учество во спортски игри , театарски представи ….многу , многу активности …… едноставно и незаборавно летно искуство.

ЛЕТЕН КАМП ВО ГРЦИЈА

Место каде се развива спортскиот дух, ведрите насмевки се секојдневие , воздишки до бескрај од прекрасното опкружување , се добива максимална самодоверба , се градат нови вредности на карактерот, се создаваат нови пријателства ( а можеби и детски љубови ) , се постигнуваат спортски успеси ………. МНОГУ, различно искуство од се што предходно било кој од учесниците го имал или стекнал .

Од  се погоре наведено , можеме да изведеме заклучок,  ДА СЕ БИДЕ ВО КАМПОТ НЕ Е САМО ЛЕТЕН ОДМОР, НЕ Е САМО ЛЕТНО ДОЖИВУВАЊЕ , НЕ Е САМО КАМП  – МНОГУ ПОВЕЌЕ Е ЖИВОТНО ( ДЕТСКО ) ИСКУСТВО КОЕ ЗНАЧАЈНО ПРИДОНЕСУВА ВО ИЗГРАДУВАЊЕТО НА ЛИЧНОСТА И КАРАКТЕРОТ НА СЕКОЈ МЛАД ЧОВЕК……

Визијата за програмата со летните кампови е само надополнување на основната идеја ,да создадеме подобра перспектива за нашите деца , да им ги отвориме вратите кон иднината , да ги упатиме во животните вредности.

Летните кампови во Грција се раководат по стручно подготвена програма која е комбинација на спортски активности, забава и образование .
Главната цел на сите овие активности е да се придонесе кон социјализација на нашите деца со деца од други националности, средини и култури.
Сите активности во кампот се изведуваат во атмосфера на соработка и пријателство кои имаат за цел да создадат  трајни врски и многу спомени .

Кампот не е само летен одмор или подобро кажано  Кампот не е конципиран да биде летен одмор за учесниците.
Целта на кампот е да им понуди на децата време исполнето со радост во прекрасна атмосфера ,природа и преубава плажа.

Преку тимска работа, игри и организирана дневна програма, кампот претставува структурирана и организирана заедница која функционира како едно.
Додека играат и се забавуваат, децата учат да: ја почитуваат и прифатат различноста, веруваат во еднаквост и да работат во тимови.

Една стара камперска песна вели: „Ние живееме, живееме добар живот, овде во кампот под отворено небо…“Пријателствата формирани овде траат засекогаш, песни на камперите кои враќаат убави спомени, ноќи со многу смеа, солзи при заминување и ветување за повторна средба следното лето„.. .Сите ќе бидеме таму!

Travel Advisor

YouTube

Подетални информации за детските кампови во Грција

City Break ,City Break ,City Break …

Рио де Жанеиро,карневал,плажи,историја

Куба…коктели,самба,ча-ча-ча…да,да,да

 

 

Previous articleЗачини , заради нив почнале патувањата
Next articleДали знаете дека …