Посетата на популарните дестинации во Европа, авантурите со африканско фото сафари или одмор на прекрасните плажи на Полинезија – секогаш се на листата на љубителите на патувањето.
Сепак, се чини дека Кина до 2030та година – ќе стане најпопуларна дестинација за патување во светот – се вели во новиот извештај, на компанијата Euromonitor International.
Бројот на патувањата во светот се проценува на 1,4 милијарди во 2018 година. Тоа значи дека има зголемување за импресивни 5% во однос на претходната година. Во Азиско-пацифичкиот регион, се очекува зголемување од најмалку 10%. Причината е зајакнувањето на средната класа која е побројна, како и еминентниот пораст на нискабуџетните авиокомпании.
Ако овој тренд продолжи, бројот на патувања ќе биде двојно зголемен. Кина, благодарение на туризмот ќе заработи многу. Воедно ќе го преземе местото на Франција на престолот за најпопуларна дестинација во светот.
Брзиот развој на туризмот, објаснува Гардијан, во Кина се должи на фактот дека таа сега е подостапна од било кога порано, особено за посетителите кои доаѓаат од други азиски земји каде што е лесно да се добие туристичка виза.
Покрај тоа, во извештајот се наведува дека за ненадејниот прилив на туристи, Кина може да им се заблагодари на се поголемиот број на нискобуџетни авиокомпании. Денес, 80% од туристите во Азија, доаѓаат од Азија. Кинезите сега сочинуваат најголем број на туристи кои патуваат низ светот, иако само 9% од нив поседуваат пасош. Дали тоа е малку? Тоа се само 120 милиони патници.
Се разбира, фактот дека Пекинг е домаќин на Зимските Олимписки Игри кои ќе се одржат во 2022 година е голема бенефиција и несомнено ќе помогне во развојот на масовниот туризам.
Но, Кина не е единствена кога станува збор за доживување на туристички бум. Египет, Тунис и Турција, исто така, доживуваат вистинска ренесанса во туризмот. Египет има дури 134% зголемување на бројот на туристички резервации отколку минатата година.
Според претпоставките до 2030та година, петте најпопуларни туристички дестинации ќе бидат Кина, САД, Германија, Велика Британија и Франција. Па можеби е време да ги посетиме овие дестинации пред да почнат сите други да ги посетуваат.
Посетете го нашиот YouTube канал.