Travel AdvisorTravel Advisor

Една желба за Нова Година , молитва за Божиќ

Нова година — денот што го одбележува почетокот на новата календарска година. Римската нова година е на 1 март, а овој ден се прославува на различни начини во многу култури. Новата година според грегоријанскиот календар, кој денес е најкористен низ целиот свет, се паѓа на 1 јануари, но постојат разлики во разни култури според календарите што се употребуваат за пресметување на почетокот од новата година.

Во земјите кои го користат Грегоријанскиот календар, првиот ден од новата година паѓа на 1 јануари. Овој датум како прв ден од новата година е проширен низ целиот свет, дури и во земјите кои слават друг ден како почеток на новата година (на пример Кина и Индија). Прославата на новата година се случува вечерта наспроти 1 јануари, односно на 31 декември, и се смета за најголем настан проследен со големи огномети.

Во Сиднеј на полноќ се искористуваат околу 80.000 ракети за огномет, и има повеќе од милион и пол посетители, а во 2019 година овој настан беше најгледан преку телевизија.

Во Лондон покрај впечатливиот огномет, новата година ја најавува и удирањето на часовникот Биг Бен, кој означува полноќ. Во Њујорк, прославата се одвива на плоштадот Тајмс Сквер. Во Единбург прославите траат четири дена, додека во Скопје и повеќето градови во македонија, веќе традиционално новата година се дочекува на плоштадот во центарот на градот.

  • Источната Православна Црква сè уште го користи Јулијанскиот календар, па оттаму и прославата на таканаречената Стара Нова година на 14 јануари, кој е всушност 1 јануари според Јулијанскиот календар. Новата година на 1 јануари се прославува во овие земји како државен празник, а Стара Нова година како народен или религиозен празник. Овој датум се празнува сè уште во Република Македонија, Србија, Грузија, Ерусалим и Русија.
  • Кинеската Нова година, позната е и како лунарна (месечева) Нова година, секоја година е на различен датум, а паѓа на првата Млада Месечина од првиот месечев месец, или околу четири до осум недели пред пролетта. Датумот е секогаш меѓу 21 јануари и 21 февруари според Грегоријанскиот календар. Традиционално оваа прослава е одбележана со прослава на едно од дванаесетте животни кои се основа на кинеската астрологија. Оваа прослава е една од најважните во Кина.
  • Виетнамската Нова година (Tết Nguyên Đán) најчесто е во ист ден со кинеската Нова година.
  • тибетската Нова година (Losar) паѓа од јануари до март.
  • Nava (нова) Varsha (година) се слави во различни делови од Индија во март и април.

Новата година како симбол на нов почеток , на нова надеж и среќа ја користеле многу писатели и поети во своите дела , овде можеме да издвоиме некои од нив како предлог за лектира за новогодишните и Божиќните празници.

Нова година се јавува како тема во делата од уметноста и популарната култура, како:

  • „За Нова година“ – песна на рускиот поет Иван Жданов.
  • „Нова година“ – кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.
  • „Новогодишна авантура“ – расказ на германскиот писател Е. Т. А. Хофман.
  • „Силвестерски ноктурно 1917 година“ (Silvestarski nokturno godine hiljadu devetstotina i sedamnaeste) – песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.
  • „Среќна Нова година!“ – расказ на израелскиот писател Ефраим Кишон од 1977 година.
  • „Среќна нова 2014“ – кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.
  • „Последната Нова година“ — новела на италијанскиот писател Николо Аманити од 1996 година.

Travel Advisor

Посетете го нашиот YouTube канал.

Скијачки центар „Tignes„

Србија и дочек на нова година во Белград

,,One night in Bankog,, – Тајланд

 

Previous articleСкијачки центар „Tignes„
Next articleРим во јануари