Зачини , заради нив почнале патувањата

Зачини , заради нив почнале патувањата

 

Зачините се користат многу , многу одамна и трагови за нивно користење датираат од времето на старите цивилизации , старите Грци ,Египјани а во Кина се основа дури и за древната традиционална медицина.Трговијата со зачини во историјата имала големо значење за развојот на некои региони па дури и држави. Добро јадење без зачин и скоро неможно да се направи.Различни видови и мешавини на зачини карактеризираат цели географски подрачја и ја дефинираат спецификата на цели национални кујни. Зачините секако се составен дел на секоја традиција и со своите мириси и вкусови асоцираат на регионите од кај што доаѓаат.

слика на различни зачини

Зачини , заради нив почнале патувањата

Реално за да се каже барем по нешто за сите зачини во светот би било преамбициозно барем на оваа место. Дури и за еден зачин може да се напише книга особено за оние кои знаеле да го менуваат текот на историјата или некој период служеле како средство за плајќање како што е црниот пипер. Затоа овде ќе се задржиме само на една област и тоа за неколку зачини ќе дадеме само кратки информации  за да ве иницираме да почнете да ги користете. Овој пат ќе се задржиме само на медитеранските зачини. Типични медитерански зачини се босилекот , магданозот ,копар,ловор,рузмарин,оригано,шафран,нане,капари и др.Овие зачини се користат во јадењата ,лековите,за украс,се стават во ракија од што се прават специфични пијалоци или лекови.

слика  риба на жар зачинета со специфични зачини 

Зачини , заради нив почнале патувањата

Едан од медитеранските зачини кој се користи и како зачин и како лек а во алкохол или бело вино и како тинктура за масирање е босилекот.Босилекот одлично успева во сите медитерански земји и кај нас па затоа неретко се сади во саксии или башти од каде го шири својот специфичен мирис.Најдобро се комбинира со домат и салати ама има многу голема лепеза на употреба и во кујната , така се користи со риба и месо и се прават различни сосови со него.Зачини , заради нив почнале патувањата

Моќта на рузмаринот на овие медитерански простори е познат одамна.Оваа зимзелена медитеранска билка илјадници години се употребува како зачин ,етерично масло и природен лек.За специјалитети од месо и риба е незаменлив зачин.Зачини , заради нив почнале патувањата

Ориганото ја доби светската популарност со пицата но се користи во медитеранската кујна одамна. Има јак ,богат дури опоен мирис а најквалитетно е ориганото од Сицилија и Грција.Зачини , заради нив почнале патувањата

Нането е мирислив освежувачки зачин популарен во јадењата , пијалоците , и топлите напитоци (чај). Нането во јадењата со јагнешко , риба , салати , сокови , коктели и некои други пикантерии е незаменливо во медитеранската кујна. Зачини , заради нив почнале патувањата

Старите Грци го обожаваа , а неговата примена е распространета на светско ниво не само на медитеранот тоа нашиот секојдневен Магданоз.Не толку јак како некои други зачини но баш заради тоа оди совршено со зеленчук во сите салати а супите без него се незамисливи.Зачини , заради нив почнале патувањата

Капарито е билка која расте во повеќе области на медитеранот.Сака многу сонце инаку за другите услови не е многу пребирлива билака ,може да расте по некои стари ѕидови, стари камени куќи ,карпи, инаку е со прекрасна боја и јак пикантен вкус кога се користи како зачин.Зачини , заради нив почнале патувањата

Мајчината душица најчесто се користи во супа ,јадења од зеленчук и за маринади. Покрај тоа се користи за правење на алкохолни пијалоци и тинктури и здрава е за циркулацијата.Таа е зачин со многу богат вкус и мирис со кој не треба да се претерува.Зачини , заради нив почнале патувањата

Шафранот е најскап од сите зачини бидејки треба да се наберат приближно 250 000 цветови за да се добие половина килограм зачин. Во јадењата се додава во мали количини кои се доволни и во така мали дози да му дадат извонреден вкус и арома на јадењето и специфична жолта боја.Одлично оди со лукот во комбинација за јадња од риба , пилешко и говедско месо. Зачини , заради нив почнале патувањата

Ловорот во античкото време бил симбол на славата и служел како украс на победникот познат како ловоров венец.Расте во топлите краеви и се користи неговиот лист.Се додава на потешките јадења кои се готват подолго време за даможе ловорот да го пушти својот специфичен аромат.Во јадењата од дивеч е незаменлив а секако се користи и во јадењата од месо и во чорбите.Зачини , заради нив почнале патувањата

Travel Advisor – Wine & Gastro

YouTube

10 најдобри ресторани во Будимпешта

Тиркизниот Занзибар

Втора по големина зграда во светот