Travel AdvisorTravel Advisor

За понеделник малку полинезиска убавина

Hei POA маслата се составен дел од животот во Француска Полинезија веќе 40 години. Без разлика дали станува збор за песочна плажа или во градската толпа, жителите на француската Полинезија, без исклучок, секогаш имаат стаклено шише кое ја крие  тајната на полинезиската убавина.

Имено, Hei Poa Oil е мултифункционално масло за нега на коса и тело и  го симболизира еликсирот на природната убавина и егзотика кој со својата палета на сензуален мирис едноставно ве повикува на егзотични авантури.

Monoi маслото е природно масло кое се добива со екстракција на кокосова пулпа во која има свежо цвеќе Тиаре . “Ознака на потеклото” (DO) го гарантира квалитетот на производот произведен во согласност со традицијата и локалната полинезиска економија.

Monoi, светото масло од Полинезија, првенствено се користи за нега на коса и кожа. Познато е по неговите хидратантни и благотворни својства и неговата способност целосно да ја подмлади и регенерира сувата или оштетената кожа и коса.

Monoi маслото се добива со обработка на цветот Тиаре, во кокосово масло, а се потребни 10 цветови за да се добие 1 литар масло.

Кокосот се бере од  плантажа на кокос, а свежи пупки од цветови на Тиаре се земаат во зори.

По бербата, цвеќињата се стават во кокосово масло кое се цедено под притисок. Цветовите на Тиара ја оставаат својата  арома во маслото, а самиот процес трае неколку дена. Процесот трае додека не се создаде автентично и уникатно масло од Тахити Моној.

Monoi е природен производ кој се стврднува на температура под 24 ° C. За целосно уживање во неговите корисни својства (дури и во зима!) Ставете го шишенцето под топла вода и маслото веднаш ќе ја добие својата течна текстура.Потрагата по еликсирот на младоста и убавината е позната уште од античките времиња и се чини дека сме во постојана потрага по неа – често барајќи го нејзиниот извор од кој Monoi е можеби еден од нив.

Travel Advisor– Travel

YouTube

Пет најубави места за патување периодот

Јордан приказна на блискиот исток

Островот Бали – што да се посети?

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Previous articleБарселона ,каталонската кралица
Next articleПрво патување за Кина