Travel AdvisorTravel Advisor

ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА – „RAJA YOGA„

ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА – RETREAT ЗА ФИЗИЧКИ, МЕНТАЛЕН И ДУШЕВЕН УСПЕХ 

RAJA YOGA – ДОЖИВЕЈ ВНАТРЕШЕН МИР И СПОСОБНОСТ ЗА УСПЕХ НА СЕКОЕ ПОЛЕ

Во боженственото природно опкружување на локалитетот   Св. Наум на 28 км. од градот Охрид, помеѓу бескрајното синило на Охридското Езеро и високиот планински масив на планината Галичица, непосредно до најубавите и најголемите извори кои го напојуваат Охридското Езеро, е сместен Хотелскиот Комплекс Св. Наум.

Св. Наум е свето место, кое зрачи со убавина, култура и традиција. Непосредно до Хотелскиот Комплекс „Св. Наум“ се наоѓа еден од најубавите и најзначајните манастири во Охридскиот регион, манастирот „Св.Наум“ (IX) век, каде се погребани моштите на истоимениот светец Св. Наум – еден од најверните следбеници на првите словенски просветители Св. Кирил и Методиј.

Во едно такво прекрасно, природно опкружување, со една прекрасна личност – Марчин Гил, спиритуален учител и јога филозоф, ќе Ви овозможиме за првпат во Македонија да бидете дел од RETREAT (https://giveintelligencelove.com/raja-yoga-retreat/)  за физички, ментален и душевен успех.

Марчин Гил е спиритуален учител, јога филозоф и автор на книгата Моќта на дишењето – Порака од животната сила. Пораснат во Струмица, Марчин во 2000-та година, со тешко срце се одлучува да го напушти својот сакан град и да замине низ светот, со цел да го искуси и запознае животот од друга перспектива. Истата година, за прв пат се среќава со јогата, која му остава длабок впечаток и желба за истражување и откривање на тајните на таа античка мудрост. Знаејќи дека таа желба е доживотен процес на самоиспитување и учење, Марчин се одлучува за реализирање на таа цел и го посветува својот живот на неа.

Денес, после 18 години искуство во полето на јогата и спиритуалноста, Марчин помага на илјадници луѓе од секоја сфера, на откривањето на најдлабоките прашања за смислата на животот, изворот на среќата и успехот, и филозофијата на разумот.

Во своите семинари и retreat-и, Марчин предава техники и алатки коишто испорачуваат директен ефект на физичкото, менталното и душевното здравје на човекот. Еден од животните принципи на Марчин е : БИДИ СРЕЌЕН ПРАВЕЈЌИ ГИ ДРУГИТЕ СРЕЌНИ.

 

Youtube

Travel Advisor

Лутраки , убавините на една “природна бања“

Ланец бисери на убавината , Сејшели

Јордан приказна на блискиот исток

Previous articleНајпрестижната кулинарска иницијатива на Алпите.
Next articleBorobudur & Prambanan, Индонезија