Travel AdvisorTravel Advisor

Виена , градот на музиката

Прошетката низ најголемиот град во Австрија, Виена, наречен Град на музиката, е како истовремено да се вратите чекор назад во времето и да скокнете чекор напред во фантазијата. Овде реално можете да одете по стапките на Моцарт, Бетовен, Хајдн или Шуберт.

Kорените на овие Виенски музички легенди  датираат од 1498 година. Волфганг Амадеус Моцарт работел со тогашниот хор, а своевремено бил член и Франц Шуберт.

Но рековме овој пат ќе ја погледнеме Виена од некои други агли , на пример никогаш не сме се запрашале каква е климата во Виена ?Виена географски лежи на две различни климатски зони. Се наоѓа на границата на умерената средно-европска  клима и посушната панонска зона.

Од аспект на популацијата во текот на еден век, населението во Виена се движи околу 2 милиони. Во октомври 2014 година имало околу 1,8 милиони жители.

Од аспект на флората и фауната во самиот град и неговата поблиска околина на 521 квадратни километри е Wienerwald, кој е дом на 2.000 растителни видови и 150 видови птици. Тука се и  два загрозени видови, уралските бувови и зелените гуштери.

Заради разновидноста и богадството на овој своевиден парк дел од локалните ама и светските видови флора и фауна се донесени во близина на самиот град.

Виена го потенцира својот статус како единствен светски главен град кој произведува значителни количини вино во границите на градот. Со 1730 хектари “гроздови насади” и повеќе од 320 винари можеби тоа е навистина факт. Осумдесет и пет проценти од произведеното вино е сортно бело вино.

Островот Дунав од околу 20 километри беше отворен во 1981 година за да го засили системот за заштита од поплави во Виена и стана главен рекреативен центар со семејна плажа од 820 метри, бесплатен водопарк со површина од 53,820 квадратни метри и пешачка патека каде што гостите може да се искачат на 330 метри надморска висина.

Најголемата палата во Австрија, Schonbrunn, е една од најпосетуваните локации во Виена. Постои нешто посебно во Виена,  не само како место за живеење. Тоа е туристичка дестинација, а понудите се апсолутно извонредни.

Виена не е само уметност и историја. Тоа е град кој лесно ја носи својата култура, град со сопствени лозја, и многу повеќе од точка на вашата навигација. Никаде уметноста на пиење кафе или топло чоколадо не е качена до ниво на уметност,  придружена со уникатната  торта и со  многу шлаг.

Travel Advisor

YouTube

Островот Бали – што да се посети?

Париските музеи

Зошто Саудиска Арабија е неодолива дестинација

 

 

 

Previous articleЛондон – Њујорк за два часа ???
Next articleМадеира-рајскиот остров