Travel AdvisorTravel Advisor

Зимската магија во Кутина – откријте ја оваа зима

Заедно со богатата празнична декорација, украси и инсталации, наскоро во Кутина ќе завладее зимската магија. За овој настан, организаторите подготвија навистина богата програма. Во неа секој може да пронајде нешто за себе, од најмладите до најстарите.

Почнувајќи од 8 Декември па се до средината на Јануари следната година ќе се одржува манифестацијата “Зимска магија”. Оваа манифестација ќе понуди многу интересни содржини.

Кутина ќе биде во вистински божиќен дух во Декември, со убава зимска бајка. Вие не треба ништо да планирате, само да излезете и се препуштите на зимската магија.

Програмата ќе се одржува на плоштадот д-р. Фрањо Туџман, каде што ќе биде поставено лизгалиште околу фонтаната.

За учениците од основните училишта се подготвува школа за уметничко лизгање и хокеј како и други интересни програми на мраз.

Придружната програма околу лизгалиштето ќе вклучува диско вечери, изложби и презентации на мраз, забавна програма со музички настапи во живо, угостителски понуди и многу други содржини.

И за најмладите посетители се подготвени голем број на активности, од анимација, креативни работилници и претстави, на до божиќни возови, куќата на Дедо Мраз и други атракции. На 31 Декември на пладне, ќе се одржи Новогодишна прослава за деца со загарантирана забава.

Во вечерните часови, традиционално се подготвува гратски дочек на Нова Година со голем огномет и прослава до утринските часови. Како дел од зимската магија, ќе се одржи и традиционалниот Божиќен саем. Овде занаетчиите и уметниците ќе се обединат и ќе понудат уникатни производи. Со звуците на божиќните хорски песни, детската радост, мирисот на греено вино и фритула, доволно е да се препуштите на уживањето и да ја апсорбирате празничната атмосфера.

Зимската магија во Кутина ве поканува на празничната атмосфера, бидејќи магијата без вас нема да биде целосна.

Откријте ја Мославина и сите убавини на овој регион

Мославина е микро-регион во централна Хрватска, каде што живеат околу 100.000 жители. Овој регион на разновидност, во кој од една страна се ошфатени индустријата, занаетчиството и економијата, од друга страна нуди прекрасна природна убавина која никого нема да го остави рамнодушен.

Постојат многу атракции во овој регион, од природна убавина па се до бројните манифестации и културни настани.

Најголемиот центар на Мославина е Кутина, кој ќе го изненади секој гостин.

Извор:  Explore Croatia

Посетете го нашиот YouTube канал.

Магичниот Божиќ во Дарувар

Божиќ во Шибеник – празнична гастро авантура

Балоните во Кападокија – искуство што мора да се доживее

Previous articleМагичниот Божиќ во Дарувар
Next articleБожиќ во Шибеник – празнична гастро авантура