Travel AdvisorTravel Advisor

Индија , земја на боите

 

Експлозија на различни обичаи, прекрасна традиција, непрегледни  просторноства различни на  секој километар. Земја каде што ќе искусите духовна рамнотежа преку безброј искуства и активности.

1. Користете локален превоз при првиот престој во Индија

Ако сте во Индија за прв пат, особено како турист, најдобро да ги користите локалните форми на транспорт. Ова може да ви заштеди многу пари. Финансиски е поекономично и уште подобро е да се запознае земјата.

Индија – 10 совети за патување

2. Одлични врски со локалните летови

 

Во Индија има над 76 аеродроми наменети за домашниот сообраќај. Цените се доста ниски ако ги резервирате билетите на време. Со авион е најдобро да се патува  во таква голема земја. Заштедувате време и пари.

3. Интересни и автентични хостели

Бројот на хостели во Индија е се поголем и секогаш се полни со странци. Тие се модерни со сета потребна содржина, но исто така go задржале својот индиски шарм. Ова е исто така одличен начин да се запознаете со некои нови пријатели и да  споделите  искуства. Цената е исто така предност на хостелот.

4.All-inclusive ресорти во Индија

Има толку многу од нив,што кога ќе тргнете во истражувањето нема да знаете кој да го изберете.

5.Немој да имате предрасуди за да ја пробате Индиската улична храна.Палетата на вкусови и мириси е искуство кое ке го запаметите.

6. Храната во индиските  ресторани

Градските ресторани нудат извонредни домашни оброци. Оваа е дел од запознавањето на  културата и традиционалните јадења дефинитивно треба да се пробат.

7. Не пропуштајте ниту еден од индиските фестивали

Холи, Дивали, Навратри и Онам. Да се доживее најмалку еден фестивал треба да биде дел од вашиот план за патувањето по Индија.

8. Најдобро време да одите во Индија

Во текот на летото е премногу жешко да се оди во тропските краеви кои го сочинуваат поголемиот дел од Индија. Монсунската сезона може да биде убава, но тогаш сте ограничени со патувањето. Најдобро е да патувате во Индија од ноември до февруари.

9.Ракотворби

Куклите од Раџастан, племенски предмети од Одиша, Мадја Прадеша со своите познати  печатени крпи, дрвени ракотворби од Јужна Индија се нешто што треба да го купите како сувенир.

10.Зачини и мириси

Индија е земја на зачини, ароми и мириси. Патувајќи по земјата набавете, цимет, чили, шафран, босилек , така ќе ја  доведете Индија во вашиот дом.

http://www.atlantis.mk/mk/index

Венецијанскиот карневал-убавината со маска

 

 

Previous articleЧестит празник Македонијо
Next articleЕсенски дестинации , Милано