Travel AdvisorTravel Advisor

ИНСБРУК, чекор до светот на КРИСТАЛИТЕ

Инсбрук  — главен град на покраината Тирол во западна Австрија. Тој се наоѓа во долината Ин на соединувањето со Виптал (реката Сил), која обезбедува пристап до преминот Бренер, околу 30 километри јужно од Инсбрук.

Се наоѓа во широка долина помеѓу високи планини, Нордкете  на север Пачеркофел, и Серлес , овде се наоѓаат многу меѓународно познати зимски спортски центри и домаќини на зимските Олимпијади во 1964 и во 1976 и зимските Параолимпијади во 1984 и 1988.Зборот брук доаѓа од германскиот збор Brücke, што означува „мост“ што води кон „мост над Ин“.

 

Инсбрук е културниот и економскиот центар на западна Австрија и е еден од најпознатите и важни туристички центри, со повеќе од еден милион ноќевања. Исто така, е и универзитетски град.

Туризмот е најзначаен извор на приход за градските власти, најмногу поради убавиот градски центар на Инсбрук со своите историски градби, пријатниот амбиент и големиот број на спортски објекти, како во зима, така и во лето.

Инсбрук е и главен град на покраината Тирол , еден од најубавите предели на Австрија, опкружен од високите венци на Алпите, кои прават прилично бајковита атмосфера. Барокните градови на Тирол се преполни со историја и приказни.

Магичнот свет на “ Swarovski” кристалите се  наоѓа во австрискиот град Ватенс (Wattens) недалеку од Инсбрук. Влезот во кристалниот светот на Swarovski е скриен под водопад, а во внатрешноста се крие најголемата  кристална купола во светот, која е составена од 595 парчиња преубави кристални огледала.

Од тука натаму понатаму се’ е како во бајка… Сосема неверојатен и фасцинантен..

Неверојатен бајковит свет на кристалите со градини кои никого не го оставаат рамнодушен. Пред две децении, брендот „Сваровски“ беше познат по колекционерските фигури и фустани со 10.000 кристали во кој Мерлин Монто во 1962 година му ја пееше роденденската песна на претседателот на САД, Џон Кенеди.

Денес, „Сваровски“ е водечки светски произведувач на брусени кристали и има 2.200 продавници ширум светот, а нивните кристали ги красат и креациите со потпис Армани. Зелениот брег во облик на глава со очи од кристали и водопадот од чија уста излегува е „чувар“ на капијата на Сваровски музејот во австрискиот алпски град Ватенс. Уникатна капија за влез во фантастичниот и уникатен кристален свет.

Travel Advisor

Посетете го нашиот Youtube канал.

ЗЕЛЕНАТА СПА ДЕСТИНАЦИЈА .ДАРУВАР

МЕКСИКО, местото каде Боговите го создале универзумот !!!

Париските музеи

 

 

 

Previous articleНоќниот живот во Будимпешта
Next articleSkyway, возење по жица