Travel AdvisorTravel Advisor

Историскиот град Банско и ски-центарот Банско

Скијањето и пешачењето  на планината Пирин,  опкружени со снежни сртови, карпести патеки и борова шума. Она што е  зачудувачко по изјавите на западно-европските туристи е дека во ски центарот кој се наога на 12км од градот, нема модерни барови, па дури ни мали хотели (или барем продавници за специфичните бугарски ќебапи) .

Врнежите од снег  се видливи преку магливите облаци, неколку километри подалеку од гондолата за спуштање се гледа  поблага област за почетници. Подалеку кон врвот на патеката, таа започнува да се искачува под поостар агол, преку ридови со шума, но брзо влегува во област на незгодни врвови. Други лифтови заминуваат уште погоре за  скијања на повисоко ниво.

Има 75 км обележана патека покриена со фрлачи за снег . Ски-училиштето има инструктори кои зборуваат добро англиски.

Зошто да одиме во Банско?
Цени: Бугарија има некои од најевтините скијачки пакети во Европа а нивото на услугата е европско. Исто така, тоа е  место за скромни скијачи кои уживаат во убаво време. Исто така тоа е еколошки заштитено место, со забрана за пластика за еднократна употреба на падините и рестораните.

Атмосфера: Покрај модерните лифтови и  ски-барови, знаете дека сте некаде на различно место од шаблоните во европа. Историските улици во градот, неговата црква и  природните изворите.

Доплнително: Блиску надвор од градот е Регнум Бања, отворени топли извори во модерно опкружување, разни базени од многу топла до студена вода . Недалеку е манастирот Рила, една од најголемите атракции во Бугарија, место за прогласено за културно наследство на УНЕСКО.

Каде да се јаде на падините

Модерно место со централен бар за локално направена ракија , топло вино или топло чоколадо и шветски маси покрај прозорците на крстосницата од четири патеки. Еден од групите ресторани е на врвот на гондолата, и внатре сте далеку од гужвата.  Италијанскиот готвач Giovanni Porcu прави инспиративно мени, од рижото со Moët & Chandon до црниот кавијар или диво печено прасе.

Каде да престојувате , наш предлог:

KEMPINSKI GRAND ARENA

http://www.atlantis.mk/mk/ponudi?id=179&title=KEMPINSKI+GRAND+ARENA&from=&to=

PREMIER LUXURY MOUNTAIN RESORT

http://www.atlantis.mk/mk/ponudi?id=1351&title=PREMIER+LUXURY+MOUNTAIN+RESORT&from=&to=

GRAND HOTEL BANSKO

http://www.atlantis.mk/mk/ponudi?id=17&title=GRAND+HOTEL+BANSKO&from=&to=

Овие и уште многу хотели и сместувачки капацитети можете да погледнете на следните линкови.

Travel Advisor

посетете го YouTube каналот

уредено од Б.Цикалов

Каиро , градот “каде што сонцето изгрева”

Рилскиот манастир убавината на една специфична архитектура

Боровец, светски познат ски-центар

 

 

 

 

Previous articleКаиро , градот “каде што сонцето изгрева”
Next articleАпликации кои ќе ви го олеснат патувањето