Travel AdvisorTravel Advisor

Каде да патувате во Индонезија?

Многумина мислат дека Индонезија е дел од Бали, но тоа е обратно. Бали е еден од 17-те илјади острови што ја прават оваа земја најголемиот архипелаг во светот. Таа е 7-та по големина земја на светот, со скоро 260 милиони жители. Околу половина од нив живеат на островот Јава, каде исто така е и главниот град на Џакарта. Доминантна религија е исламот, со што Индонезија е најбројната муслиманска земја. Христијаните, хиндусите, будистите и другите религии живеат во мирен соживот со исламот.

Кога бил откриен Новиот свет, овој архипелаг го преземале Холанѓаните кои владееле над него повеќе од 350 години. Холандија најголемиот дел од своето богатство го должи на трговијата со зачини и други добра. Индонезија ја стекна својата независност по Втората светска војна, иако Холанѓаните се обидоа уште неколку години по војната да го задржат своето влијание со оружје и дипломатија. Денес Индонезија е членка на Г20, 16-та глобална и прва во јужноазиските земји по развојот на својата економија.

Факт е дека мнозинството туристи во Бали не посетуваат ниту еден друг дел од државата, што е вистинска штета. Таква разновидност на народи, јазици, култура и традиции во една земја е единствена и уникатна во оваа држава. Стотици јазици и различни народи и племиња не претставуваат само големо богатство, туку и политичка обврска за да се задржи единството. Индонезија не е мала земја, па затоа не е ниту лесно, ниту ефтино да патувате во различни далечни региони.. Индонезија е едноставно огромна и создавањето на транспортна инфраструктура на 17 илјади острови не е лесна работа. Како и да е, има голем број аеродроми и врските за летовите се многу добри. Неколку големи национални компании како што се Гаруда, Ситилинк, Лав и Сривијаја имаат стотици современи авиони, така што можните да најдете врски  дури и до најоддалечените региони.

Будистичкиот храм Боробудур, кој датира од 8 век, е најголемиот од ваков вид и најзначајниот будистички храм. Од друга страна, хинду-храмот-Прамбанан е исто така импресивен по својата убавина и значење. Само 35 км од центарот на Џакарта  е Мерапи, жив вулкан, кој се буди на секои 4 години исфрлајќи лава и отровни гасови .

Џакарта понекогаш се споредува со durian – плод на специфичен мирис. Од далеку е прекрасна, но откако ќе се  поближите до него, мирисот понекогаш станува и прејак. Изборот на ресторани како и нивните специјално зачинети јадења на целата земја ја прават Џакарта една од гастрономските престолнини на светот, нудејќи сè, од улична храна до луксузни ресторани на крововите и терасите на облакодерите. Алкохолот не се служи насекаде, освен во Бали, и е прилично скап.

Илјадници рајски острови се уште непознати за туристите и чекаат да бидат откриени. Во последниве години, многу се зборуваше за архипелагот Раџ Ампанг. Сместен е покрај самиот врв на Папуа. Исто така, тука се и огромните и мистични Борнео, Сулавеси, Суматра и другите 17 илјади острови. Цел живот не би бил доволен да ги откриеме сите атракции на Индонезија, па време е да започнеме со истражувањето па макар и виртуелно 🙂 .

Travel Advisor

YouTube

Есента во Пекинг

Сингапур град од иднината посетете го во сегашноста

Кујната меѓу најважните опции кај кинеските туристи

 

Previous articleИскуство од прва рака, како изгледа Вал Торенс
Next articleПампорово ,еден од најјужните ски-центри во Европа