Travel AdvisorTravel Advisor

Каналите на Амстердам

Амстердам (холандски: Amsterdam) е главен и воедно најголем град во Холандија. Статусот на градот како главен град на државата е утврден во уставот. Градот Амстердам во потесното градско подрачје има население од 790 654 жители, урбано население од 1 209 419 жители, додека на територијата на областа Амстердам живеат 2 289762 жители. Градот се наоѓа во покраината Северна Холандија која се наоѓа во западна Холандија. Тој го опфаќа северниот дел од Рандстанд – една од најголемите кантони во Европа која има население од околу 7 милиони жители. Името Амстердам е изведено од (Amstelerdamme),  нешто повеќе за потеклото на името на градот зборува името  на реката Амстел.

Системот на канали во Амстердам е резултат на совесно урбано планирање. Во почетокот на 17-от век, кога имиграцијата ја достигнала својата кулминација бил усвоен сеопфатен план, кој се базирал на 4 канали во форма на концентрични полукругови чии краеви се поврзувале кај заливот .

Познати како Грахтенгордел, 3 од каналите служеле за општа употреба и развој, Херенграхт- Канал на лордовите, Каизерсграхт- Канал на кралот, Принцесграхт- канал на принцот. Четвртиот канал познат како Зингелсграхт не е споменат на повеќето од мапите, бидејки тоа e име кое се употребува за сите надворешни канали.

Зингелсграхт не треба да се помеша со најстариот канал кој се наоѓа во центарот на градот –Зингел. Каналите се употребувале за одбрана, транспорт и управување со водата. Одбраната се одвивала на тој начин што каналите имале форма на ровови и имало мостови на премините преку каналите, но немало поголеми градежни објекти. Изворните планови се изгубени, па историчарите како Ед Таверне мораат да шпекулираат за првобитните намери- „Се смета дека нивната цел била практична, а не украсна„.

Изградбата започнала во 1613-та година во правец од запад кон исток, по целата ширина,  како што го нарекува историчарот Геерт Мак, а не од центарот нанадвор како што кажува познатиот мит. Изградбата на каналот во јужниот дел била завршена во 1656 година. Процесот на изградба на живеалишта се одвивал бавно. Источниот дел од каналот, кој требал да ги покрива териториите меѓу реката Амстел и заливот  никогаш не е изграден. Во времето што следувало, овој дел бил искористен за изградба на старечки домови, тетри, други знаменитости и паркови. Со текот на времето, од неколку канали се направени улици и плоштади.

Развој на градот Амстердам По развојот на каналите во 17-от век, границите на градот Амстердам останале непроменети цели 2 века. За време на 19-от век, Семјуел Сарфати изготвил план за развој на градот врз основа на величенственоста на Париз и Лондон во тоа време. Планот предвидувал изградба на нови куќи, јавни згради и улици во населбата Грахтенгордел. Главната цел на овој план била да се подобри јавното здравје на населението. Иако овој план не помогнал во развојот на градот, сепак со неговото исполнување се добиени најголемите јавни градби во Амстердам како што е Палеис фор Фолксвајт (Paleis voor Volksviijt). По стапките на Сарфати, Ван Нифтник проектирал цел круг населби од 19-от век кои го опкружувале центарот на градот. Во тоа време градот го поседувал целото земјиште од 17-от век натаму со што го контролирал развојот. Поголемиот дел од овие населби станале место за живеење на работничката класа.

За да се спречи пренатрупаноста,на почетокот на 20-от век биле изготвени 2 плана кои се разликувале од се дотогаш видено во Амстердам: Планот Зуид, ( Амстердам Југ) кој бил проектиран од страна на архитектот Берлаџ и планот Запад. Овие проекти предвидувале изградба на нови населби со живеалишта за сите општествени слоеви. По завршувањето на Втората Светска Војна во западните, југоиисточните и северните делови на градот биле изградени нови големи населби.

Овие нови населби биле изградени со цел да се надмине недостатокот од простор за живеење и населението да добие конфорни и достапни куќи и живеалишта. Населбите се состоеле од големи станбени блокови меѓу кои се наоѓале паркови, а истите биле поврзани со широки улици, што овозможило движење на моторни возила. Западните предградија на градот се нарекуваат (Westelijke Tuinsteden). Областа која се наоѓа југоисточно од градот се вика Бајмар.

уредено од Боре Цикалов

Travel Advisor

YouTube

Хургада во март

Нешто несекојдневно Јорк , Англија

Будимпешта градот со многу епитети

Previous articleРио , „entretenimento mundial„
Next articleФутуристички поглед на туризмот