Travel AdvisorTravel Advisor

Метеори , духовна убавина

Во срцето на Грција, во Тесалија, постои магично место кое вреди да се посети (барем) еднаш во животот – Метеора.
Карпите Метеора се наоѓаат веднаш покрај малиот град Каламбаке, на околу 360 километри од Атина. Ако немате автомобил, други опции за да стигнете до таму се: воз (околу 6 часа возење) и автобус.

Градот Каламбака изобилува со одлични хотели, кои се сосема исполнети со гости во сезона, па треба однапред да се резервира сместување. Цените за сместување се разликуваат, но сепак може да се најде сместување кое  одговара на сечиј џеб.

Dellas Boutique Hotel e луксузен и нов хотел во кој може да се резервира за помалку од 70 евра по соба. Исто така, никогаш нема да бидете гладни. Грчката храна е феноменална, па дури и тука рестораните не заостануваат во поглед на гастрономската понуда.

Погледот кон карпите Метеора ќе Ве остави без здив. Високите карпи чија висина стигнува и до 550 метри со манастири на врвовите предизвикуваат вртоглавица.

Метеори , духовна убавина

Монасите кои избегаа од Турците во овој дел од Грција околу 12 – тиот век одлучиле да изградат манастири на овие карпи за да најдат мир и, се разбира, да бидат поблиску до Бога. Изградбата на манастирот би траела само неколку месеци, но времето за да го доведат материјалот за градење до врвот на карпите, користејќи калети, јажиња и кошници – траело повеќе од дваесет години!

Во моментов, се отворени шест манастири, кои се целосно функционални и во нив живеат монасите, па секој може во одредено време од денот да ги посети. Светиот манастир или Великиот Метеорон е најголемиот манастир на Метеора, кој бил изграден во 14 – ти  век, а во него се наоѓа и главниот музеј за туристи.

Покрај самите манастири, туристичката понуда на Метеора вклучува качување по карпи, истражување на околните пештери, рафтинг и приватни тури со хеликоптер.
Што и да одлучите да направите, едно е сигурно – ова патување ќе Ви остане во сеќавање и секако ќе сакате повторно да се вратите.

Tamara Gkikas – Текст и слики.

Travel Advisor

Посетете го нашиот YouTube канал.

Организирано патување на Метеорите линк.

 

Балоните во Кападокија – искуство што мора да се доживее

Познат е и како „Златна Прага„

„храм„ на модата , „храм„ на фудбалот , храмови на верата – Милано

Previous article„Верувале или не„ за Аргентина
Next articleГрандиозноста на Париските Музеи