Копаоник — еден од поголемите планински венци во Србија. Сместен е во централниот дел на земјата со мал дел во Северно Косово. Највисока точка е Панчиќев Врв (2.017 м).
Ова е најважниот ски-центар во Србија, со вкупно 25 жичници со капацитет од 32.000 скијачи на час. Во 1981 г. е отворен и националниот парк, кој зафаќа површина од 118,1 км2 и се наоѓа во средиштето на венецот.
Националниот парк Копаоник е основан во 1981 г. Има листопадни и зимзелени шуми и разни видови птици како еребицата камењарка, ќукот, сивото свраче и шумската чучурлига.
Националнипт парк е сместен на висорамнината Суво Рудиште, на надморска височина од околу 1.700 м и е опкружен со планински врвови. На север и северозапад од висорамнината се протега Бањски Копаоник, каде се наоѓа Јошаничка Бања. Веднаш под висорамнината започнува живописната долина на Самоковска Река, со карактеристична накосеност, бројни слапови и клисури. Копаоник има преку 200 сончеви денови во годината и преку 160 дена снег.
Туризмот на планината е од претежно од спортски карактер. Преовладуваат зимските спортови како скијањето и скијањето на даска, но застапени се и други спортски активности како тенисот. Има голем број сместувачки капацитети, кафетерии, барови и ноќни клубови.Има 28 жичници, со 70 км скијачки патеки од сите категории. Од Брзеќе до скијачкиот центар води кабинска жичарница.
Секако заради големиот прилив на туристи Копаоник е преполн со различни објекти за сместување од сите категории. Ние овде ќе го представиме гостопримството на Копаоник преку:
HOTEL GREY
Еден од најбараните објекти на Копаоник.
Хотелот Grey нуди сместување на 150 м од 4 ски лифтови .Објектот има директен пристап до патеките за скијање. Гостите можат бесплатно да ги користат фитнес центарот, сауната, затворениот базен, спа центарот како и да уживаат во оброкот во ресторанот или со пијалок во барот.
На гостите им е на располагање бесплатниот гардоробер за ски опрема додека школата е со доплата. На 150 м се наоѓаат стазите Мало Езеро, Керс, Панчев врв и Карман р’т .