Travel AdvisorTravel Advisor

Бајковитиот , Копенхаген

Прекрасниот Копенхаген штотуку ја објави стратегијата за туризам што ќе ја води во 2020 и понатаму. Планот ги прикажува големите промени и започнува со опишување на се што ќе треба да се оствари во Копенхаген.

Копенхаген ја завршува ерата на туризам, каков што беше до сега.Со цел респект кон туризмот каков што беше и каков сеуште е сепак градот Копенхаген реши да промени нешто драстично. Основните карактеристики на досегашниот туризам се засноваа на масовна  потрошувачка ,поврзаноста на работата и слободното време, градски или селски туризам, културен туризам и.т.н.

Субјектите кои го водат делот за развој на туризмот во Копенхаген ја препознале  стереотипноста на досегашното водење на туристичкиот бизнис  како промовирање на дадената дестинација со некеков бренд или официјална организација за маркетинг на дадена дестинација  со маркетиншко влијание на потрошувачите.

Што доаѓа по „крајот„ на класичниот туризмот (според Копенхагеншките планови)? “Localhood for everyone.”

Не грижи се, не е толку екстремно 🙂 . Копенхаген ги става луѓето во центарот на својата визија и замислува дека иднината  на некоја туристичка дестинацијата ќе биде ко-креирана од жителите, индустријата и посетителите. Оваа идеа доаѓа како одговор на влијанието што туризмот може да го има врз квалитетот на животот на локалните жителите. Европските градови како Барселона и Венеција се борат со зголемена посета предизвикана од масовниот туризам. Некои дестинации, како Копенхаген, бараат решение со кое туризмот може да обезбеди баланс помеѓу локалното население и посетителите.

Со прогласувањето на  „туристот – како привремен жител„, Копенхаген ѓи дефинира своите посетители како привремени жители, наместо како туристи. И како жител, вие сте дел од заедницата и придонесувате за неа.

Неколку стратешки точки наведени за одржување на проектот „Прекрасен Копенхаген„ на вистинскиот пат:

Еднаш дојдени , уште еднаш повикани: Стратегија за поттикнување на повторна посета.

Денес туризам , утре бизнис: Привлекување нови посетители од растечките пазари.

Ко-иновации еко-индустријата: Можности индустријата да работи заедно во корист на сите.

Раст заснован на луѓе: Растот на посетителите само по себе не е цел. Зголемување на вредноста на посетителите е заеднички интерес за сите.

Патувањето е секогаш искуство и учење. Важно е подобро да ги разберете другите луѓе, места и култури.

Петте најпознати градби во Милано

Skyway жичарата – најубавата во Европа

Најдобри места за посета на Азурниот брег во текот на зимата

 

 

 

Previous articleЗошто Саудиска Арабија е неодолива дестинација
Next articleБудимпешта градот со многу епитети