Travel AdvisorTravel Advisor

„mystique“, Корзика

Корзика – родното место на Наполеон Бонапарта ( а се верува дека и Кристофер Колумбо е роден во Калви), четвртиот најголем остров на Средоземното море со повеќе од 200 рајски плажи и една од териториите чиј јазик е заштитен од страна на УНЕСКО ( јазик кој исчезнува).Корзика комбинира пространи брегови со убавината на планините, многу активности за вашето тело, и богата разонода на вашиот ум.

Истурена во Медитеранот како непробојна тврдина, наликува на минијатурен континент со неверојатен географски диверзитет.

За само половина час, овој пејсаж се менува од светликави заливи, крајбрежни градови и фантастични плажи, во остри врвови, преубави долини, густи шуми и енигматски села.

Сценографијата која се отвора внатре во островот постојано ќе ве мами да го употребите својот фотоапарат.

Иако Корзика официјално е дел од Франција повеќе од 200 години, таа е многу поразлична од оваа земја речиси по се: од обичаите до кујната, јазикот и карактерот, и тоа е само дел од нејзините магии.

Корзика е плажа за љубовници и љубителите на култура, пешачење и нуркање. Нуди комбинaција на простран брег со планинска убавина , многу активности за вашето тело, и богата историја за вашиот ум.

Издигнат над Медитеранот како непробивна тврдина, Корзика личи на минијатурен континент со неверојатна географска разновидност. За само половина час, овој пејсаж морфира од светликави заливи, крајбрежни градови и фантастични плажи, во остри врвови, прекрасни долини, густи шуми и таинствени села.

Сценографијата која се отвара во островот ве мами да посегнете по вашата камера. Иако Корзика официјално е дел на Франција повеќе од 200 години, сосема е различна од копното по сè, од обичаите до кујната, јазикот и карактерот, а тоа е само дел од нејзиниот шарм. Уживајќи меѓу портокаловите и огнени бастиони на својата тврдина од 15ти век и пенливите води на Заливот во форма на месец, Калви е поблизок со софистицираноста на француската ривиера, одколку со историското Корзиканско пристаниште.

Палаталните јахти и приватни крузери се борат за простор во ова пристаниште, додека високо над сè се гледаат набљудувачките кули на градот, од кои имат навистина прекрасен поглед. Калви е една од најпопуларните туристички дестинации, а во текот на летото овде има најголема гужва.

Целата поставка не може да биде пограндиозна. Славата на западниот брег, крајбрежјето на градот Порто, се протега на базата од густо пошумената долина. За време на летната сезона, ова место е полно со луѓе, додека во зима наликува на град на духови. Ова е совршена локација за одмор, а тука е и марината Reserve Naturelle de Scandola, заштитена од УНЕСКО.

А овој североисточен полуостров се издвојува од остатокот од Корзика. Долг околу 40 км и широк 10 км, Cap Corse наликува на голем прст кој покажува кон копното на Франција. Прекрасни крајбрежни рибарски села и мали населби расфрлани низ ридовите,гледаат кон кулите, заливите и карпите. Ако дојдете тука бидете подготвени на авантура, иако островот е долг само 40 км, нуди многу нешта кои ќе ве воодушеват.

Destinacija koja seuste ne e na nasite ponudi, a spored moeto mislenje vredi da se poseti!!”

Snezana Koteva Bogoevska

Travel Advisor

YouTube

Братислава…„Vitajte v krásnej Bratislave“

“Najlijpše”, плажи во Хрватска

Турција ,никогаш поевтина , секогаш убава

Previous articleУбавините на Јонското море
Next articleНеколку убави дестинации за 2019