Travel AdvisorTravel Advisor

Крстосување по мистериозниот и убав Нил

Крстосување по мистериозниот и убав Нил

Со изобилството на белите плажи и кристални води, Хургада е одлична целогодишна дестинација за одмор и плажа. Неверојатните гребени и прекрасните бранови, идеални за сурфање, чистата и бистра тиркизна вода, овозможиле Хургада, ова мало рибарско село да се претвори во едно од најпосетуваните и најпознати одморалишта во Египет. Со лесен пристап до прекрасните острови и Источната Афричка пустина, Хургада секоја година привлекува илијадници европски туристи. Посетителите се заљубуваат во мирната и лежерна атмосфера, топлото сонце, карактеристичните бои на планинскиот пејсаж, храната, гостопримливите жители, локалните пазари, зајдисонцето и најмногу бистрата тиркизна вода, го зоврива  животот овде.

Во нашата програма е предвидено и посета на Луксор. Најчесто посетата е во  попладневните часови  по источното крајбрежје на Нил па се до храмовите во Луксор – најголемиот музеј на отворено. Луксор е распостелен врз остатоците на древниата египетска престолнина Тива. Големиот храм, посветен на боговите Амон Ра, Мут и Хонсу, импресионира со гигантските папирусови зданија. Градот е изграден од Рамзес II, во близина на самите води на Нил. После разгледувањето на Луксор, продолжуваме кон Карнак на 2,5 км оддалеченост од Луксор. Ова е најголемиот религиозен комплекс во светот, изграден во традиционална египетска архитектура за време на владеењето на 30 фараони. Религиозниот комплекс се состои од 3 основни храма и неколку помали.Програмата предвидува и ноќевање и вечера на брод во Луксор.

После појадокот се упатуваме кон Деир Ел Бахри – комплекс од гробници и погребални храмови на царевите од Новото царство, распространет на западниот брег на реката Нил. Посета на Долината на царевите (Valley of Kings), каде се наоѓаат 62 гробници на фараоните,  кои е откриена во текот на 1922г. овој период е откриена и гробницата на Тутанкамон, следува посета на храмот на Хатшепсут – првата жена фараон, управувала со Египет, две  десетлетја. Овој погребален комплекс е вистинско архитектонско ремек дело. Ќе се видат двете статуите на Мемнон – две масивни камени статуи, кои го прикажуваат седиштето на фараонот Аменхотеп III, кои се изградени во 1350г.п.н.е, тие го чуваат влезот на гробот на фараонот. Попладне се продолжува кон Едфу, преку Есна. Вечера и ноќевање на брод во Едфу.

Планирано е и посета на храмот Едфу, кој е посветен на богот Хор, синот на Изида и Озирис. Изградбата на храмот започнува во 237 г.п.н.е за време на владеењето на Птоломеј III и завршува, речиси два века покасно, т.е во текот на 57 г. за време на владеењето на Птоломеј XII – таткото на прочуената Клеопатра. Насладувајки се на преубавите брегови на Нил, патувањето продолжува со разгледување на храмовите во Ком Омбо, кои се на 50 км. северно од Асуан. Првиот комплекс е изграден од комплекс кули над реката Нил, изграден во хелинистичката епоха, т.е за време на владеењето на Птоломејците и е невообичаен двоен храм – Собек, богот на крокодилите и Хорус, богот на соколите. Посета на Асуан.. Вечера и ноќевање на брод во Асуан.

 Посета на Асуан – нај јужниот град во Египето, познат по камените градби. Можност за прошетка по шарените пазари на Асуан. Наутро, со доплата, ќе имате можност за посета на Абу Симбел или автентичните Нубијски населби.Во програмата е и посета на Асуанската брана која го преградува  Нил и е отворена во 1970 г. Изградбата неколку пати е одложувана поради политички причини и поради преместувања на важни археолошки локалитети, како храмот Абу Симбел. Разгледот продолжува до незавршениот обиликс, висок 42 м. и тежок 1200 тони, овој прекрасен споменик, никогаш не бил подигнат.  Вечера и ноќевање на брод во Асуан.

Повторно се врќаме кон Хургада. Пристигање во прекрасната област  Хургада, на Црвеното море. Сместување во хотел со пет ѕвезди  на база All Inclusive. Вечера и ноќевање.

Travel Advisor – патувања

Посетете го YouTube kanal.

За комплет аранжмани и организација на патување во Сингапур разгледајте ги детално понудите на Т.А. Атлантис 

Сингапур град од иднината посетете го во сегашноста

Пролет во Јапонија: Нежен и прекрасен цвет на цреша

Одмор во Југоисточна Азија

 

 

 

Previous articleCity Break ,City Break ,City Break …
Next articleПет совети , како до „last minute„