Travel AdvisorTravel Advisor

Кујната меѓу најважните опции кај кинеските туристи

 

Храната е трета најважна опција кај кинеските туристи

Храната кај  кинеските патници е веднаш по безбедноста и присуството на историски локалитети. Четврто најважно им е да  купуваат и се посебно заентиресирани за трговските центри.
Достапноста на храна по кинески вкус е главна грижа за кинеските деловни и туристички патници

Дестинациите кои го привлекуваат вниманието на кинеските патници кога е во прашање  храната, се оние кои  имаат паралели со кинеската кујна. Морски плодови и свежо овошје и зеленчук најчесто се подготвуваат за кинеските туристи.

Повеќе од 100 милиони кинески туристи одат во странство секоја година. Тој број потенцијално ќе достигне 200 милиони до 2020 година. Обраќањето кон кинеските потреби за пиење и јадење е од големо значење за оние кои се спремаат да бидат посакувана дестинација за кинеските туристи.

Еве еден едноставен пример, зовриена вода. Повеќето Кинези не пијат ладни пијалоци и носат шишиња со топла вода како пијалок. Котлиња за вода што врие или чај се обезбедени во речиси секоја хотелска соба во Кина и во кинеските авиокомпании. Достапноста на топла вода, исто така, овозможува брза подготовка на инстант тестенини.

Хилтон хотелите и одморалиштата е  компанија која изгледа како да му служи на пазарот на овој начин, со својата “Хилтон Хуанинг” (хаунинг-мандарински за “добредојде”) програма. Тоа вклучува котлиња со топла вода, кинески чај и влечки за да  направат кинеските туристи да се чуствуват како да се дома.

Тие навистина ја сакаат само кинеската храна. Овие барања додаваат 60- 70$ по лице дневни  трошоци за нивните патувања. “Многу се пребирливи” (Very picky) вели еден патнички оператор за своите сонародници и нивните барања за храна.

Travel Advisor : London AirportsSingaporeHainan

YouTube

10 Совети за патување што треба да ги знаете

Сигурни , чисти , ефтини туристички дестинации

Метеора , духовноста на врвот

 

Previous articleКако полесно на долгите патувања со автобус
Next articleМеХико 2019…