Travel AdvisorTravel Advisor

Лондон – Њујорк за два часа ???

Боинг развива авион способен да патува со скоро 4.000 милји на час – тоа е околу пет пати поголема брзина од брзината на звукот. Тој патува скоро три пати побрзо од брзината на Конкорд и може да го намали времето на летот на патувањето до Њујорк за само два часа (линијата е онаа која ја леташе познатиот Конкорд , Лондон Њујорк).

Од Лондон до Њујорк за само два часа! Авионот сеуште не е именуван, но може да достигне неверојатна брзина на крстарење од 95.000 стапки, каде што воздухот е многу поредок отколку кај вообичаената висина на летање. Но, ќе мораме да почекаме уште неколку години.

Концепт на авионот беше откриен на конференцијата на американскиот Институт за аеронаутика и астронаутика „Авијација 2018“ во Атланта – и исто така ќе биде прикажан на фестивалот  Farnborough следниот месец. Способни да го прелетуваат пацификот за само три часа, тоа ќе биде време на редовни супер-брзи патување кое заврши кога Конкорд престана со своите летови.

Инаку историјата на патнички летови со суперсонични авиони започна, а моментално е  во застој , со проектот Конкорд .Беа вкупно изградени  20 Конкорди: два прототипа, два развојни авиони и 16 авиони за производство. Од шеснаесетте производствени авиони, два не влегле во комерцијална услуга и осум почнале со редовна работа до април 2003 година.

Сите, освен два од овие авиони се зачувани, паркирани за користење на резервни делови. После трагичниот инцидент , надвор од Париз на 25 јули 2000 година, при што загинаа 100 патници , 9 членови на екипажот, и 4 лица на теренот, беше донесено одлука Конкорд да престане со летањето.

Ретка фотографија – Туполјев ту-144 (првиот) заедно со Конкорд (вториот)

Во Русија која за жал секогаш е обвиена со велот на тајната сепак јавно се знае и има оскудни информација за суперсоничниот авион Туполјев Ту-144 од кој биле изградени 16 авиони ,кога и како се користат е деловна тајна како и техничката суштината на самиот авион ,но имајќи го во предвид нивото на Руската авионска индустрија несомнено изобилуваат со добри технички решенија и добри карактеристики.

Сепак техниката и технологијата во развиените земји сега вклучувајки ја и Кина се способни и најверојатно работат на производство на суперсоничен патнички авион за кој единствена препрека што досега не е веќе на пистите ширум светот се економските аспекти.

Нови мотори за брзини до Mach 5.5 се истражуват  во Европа и Јапонија. Британската компанија Reaction Engines Limited, со 50% пари од ЕУ, е ангажирана во истражувачка програма наречена LAPCAT, која испитувала дизајн за водороден авион со 300 патници наречени А2, потенцијално способни да летаат на мах 5+ непрекинато од Брисел до Сиднеј за 4,6 часа.

Има најверојатно многу јавни и тајни проекти кои се занимаваат со производство на суперсоничен патнички авион но кога и каде ке бидат пуштени во употреба сепак ке одлучат економските фактори , да се надеваме дека и инвеститорите ќе ја сфатат потребата на лугето од побрзи патувања и побрзо на пистите ќе ги видеме тие технички убавини кои покрај својот феноменален изглед ке ни овозможат патувањата да бидат и по интересни и по ефикасни.

Travel advisor

YouTube

Сејшели , острови на „вечното сонце“

Острови во Тајланд за кои сонувате!

Запознајте го Дубаи навечер!

Previous articleГрција нашата убава сосетка
Next articleВиена , градот на музиката