Travel AdvisorTravel Advisor

Лутраки , убавините на една “природна бања“

ЛУТРАКИ – мало туристичко место со околу 2000 жители кое се наоѓа на само 130 км од граничниот премин Богородица.

Местото со своите минерални лековити извори е познато уште од времето на Александар Македонски. Од 1992 год. туризмот значително се развива и денес има голем број хотели и апартмани кои ги задоволуваат потребите на гостите.

Местото изобилува со ресторани, продавници и кафетерии.Овде посетителот може да ги комбинира минералната топла вода во базените со планинарењето, посетата на уникатната по својот вид пештера или скијање на планината Ворас (Кајмакчалан).

Областа е планинска. Течењето на топлите и ладни води заедно со богатството со флора му дава на овој регион уникатна убавина уште од далечната 1920 год кога за прв пат е прогласен за “природна бања“. Температурата на водата е од 37 – 38 целзиусови степени. Водите се лековити и се препорачуваат за болни од реума, ишијас, бронхит, нервоза, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулативни и респираторни нарушувања.

Youtube

Travel Advisor – Europa

Фестивал на чоколадото Перуџа

Ланец бисери на убавината , Сејшели

Пирин-„GOLF & SPA HOLIDAY“

 

Previous articleУживајте во „Tignes“ ски-центар ремек дело на природата
Next articleФилозофијата на „Mauritius„.