Малта – убава и во есента

Малта - убава и во есента

Со убаво сончево време, привлечни плажи, ноќен живот и историја од 7,000 години, многу нешта може да видете и да направите во оваа островска држава, сместена во Средоземното Море.

Малта е добар избор во секоја доба од годината

Што треба да се доживее во Малта? Без разлика дали ќе дојдете во земјава на неколку дена, во есен, зима или напролет – Малта е секогаш добриот избор. Медитеранската клима е пријатна. Од јануари до април температурата се движи од 15 до 22 степени, мај и јуни најчесто е од 22 до 27, во јули и август се качува на 30 степени, а потоа повторно опаѓа. Крајот на април температурата секогаш е меѓу 22 и 25 степени.

Во Малта ќе слетате на единствениот аеродром во државата, сместен кај Гудја. Некогаш постоел и хелидром, со линија до вториот по големина малтешки остров Гозо, но истиот е укинат. До Гозо исто така може да патувате и со хидроавион, иако повеќе се преферира траектот.

Малта - убава и во есента

Првата средба со Малта ги изненадува сите. Ако по некоја случајност не знаете каде сте, ќе си помислете дека се наоѓате во некоја од арапските земји. Куќите овде претежно се во златно-портокалова боја, со рамни кровови, нема високи згради и истакната модерна архитектура.

Што треба да знаете за Малта?

Малта - убава и во есента

Република Малта е островска држава во Средоземното Море. Составена е од неколку острови од кои три – Малта, Гозо и Комино, се населени. Државата има околу половина милион жители и со својата вкупна површина од 315 км² е една од најгусто населените земји во светот.

Најголемиот остров е Малта, со површина од 246 квадратни километри. Вториот по големина остров е Гозо кој има површина од 67 км². За некои Малтежани Гозо е вистинскиот остаток од малтешката традиција. Гозо е рурален и се карактеризира по рибоволот, туризмот, занаетчиството и земјоделството. Главниот град на Гозо, Викторија, е одлично место за релаксирање.

Островите во Малта се поврзани со траектна линија. На островот Гозо ќе осетите големо влијание од колонијална Англија, како и од соседните медитерански земји, како во архитектурата, така и во понудата на храна. Освен овие два острови, овде е и Комино со површина од само 3 км².

Малта - убава и во есента

Поради својата стратешка местоположба, со Малта низ историјата владееле многу сили – Феничаните, Римјаните, Фатимидите, Јовановци, Британците. Од 1964 година Малта конечно добива независност од Велика Британија и денес е земја-членка на Европската Унија. Таа е католичка земја така што 98% од населението се Католици, а христијанството во Малта го донел Апостол Павле.

Никаде на светот нема да видете вакви цркви, капели, катедрали, а ги има околу 360 на број. Сите од нив се добро одржувани и може да ги обиколите и да го доживеете оној сакрален дел од малтешката традиција.

Службени јазици во Малта се малтешкиот и англискиот, но исто така се зборува и италијански кој бил официјален јазик се до 1934 година. Kако и во Англија, овде се вози на левата страна од сообраќајот.

Што да посетите во Малта?

Малта - убава и во есента

Валета

Валета е главниот град на Малта. Во градот се наоѓаат бројни знаменитости од 16-ти век па наваму, изградени додека со островот владееле Јовановци. Архитектурата во градот има различни стилови, меѓу кои доминира барокот. Валета исто така е запишана во списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Во Валета е сместена конкатедралата „Св. Јован Крстител“, изградена во 1577 година како црква за малтешките витези. Во неа денес се наоѓаат најголемите дела на италијанскиот сликар Микеланџело де Караваџо. Овде е и Кастилскиот дворец, каде во минатото престојувале малтешките витези, а денес во него е сместена канцеларијата на премиерот на Малта.

Малта - убава и во есента
Конкатедралата „Св. Јован Крстител“ (Wikimedia Commons)

Ѕидините кои ги изградиле витезите за да го заштитат градот од напади се составени од бројни бастиони и ѕидови високи и до 100 метри. Додека сте во Валета не заборавајте да го посетите и Плоштадот на Републиката.

Она што е денес Валета, тоа некогаш била Мдина

Мдина е средновековен град во централниот дел на главниот остров Малта, опркужен со ѕидини. Тој претставува тврдина населена од околу 300 луѓе, а пред тврдината денеска се наоѓа и градот Рабат, или во превод „предградие“, именуван така затоа што порано бил населба, дел од стариот главен град Мдина. Сообраќајот во Мдина речиси и да не постои, со што посетителите уживаат шетајќи по градчето во речиси целосна тишина, поради што и го добива својот прекар – Тихиот Град.

Малта - убава и во есента
Панорама на катедралата „Св. Апостол Павле“ во Мдина (Wikimedia Commons)

Марсашлокк

Марсашлокк е традиционално рибарско село сместено на јужниот дел од островот Малта. Атмосферата овде е идилична – шарено, слатко местенце во кое доминираат ведро обоените традиционални бродчиња, т.н. Луцу. На секое бродче е насликано Хорово око кое според кажувањата ги штити рибарите. Овде може да набавите свежо уловена риба од рибниот пазар, да уживате во рестораните и кафулињата долж брегот и да се напиете чаша вино додека градчето е во самрак.

Малта - убава и во есента
Марсашлокк – местенце во кое доминираат ведро обоените традиционални бродчиња, т.н. Луцу

Селото на Попај

Додека сте во Малта може да го посетите и селото на Попај. Овде во 1980 година е снимен филмот Попај, а самата населба е изградена во 1979 година токму за таа пригода. Во селото се одржуваат разни шоуа и тури и истото е слободно за истражување. За децата се организира и запознавање со главните ликови од филмот.

Малта - убава и во есента
Селото на Попај – овде во 1980 г. е снимен самиот филм, а местото, изградено само за филмот, останало како туристичка атракција (Wikimedia

Travel Advisor

YouTube

Храна за по пат

Зачини , заради нив почнале патувањата

“A New Mediterranean Love”- Албанија