Travel AdvisorTravel Advisor

Сите бои на Мексико …

МЕКСИКО, местото каде Боговите го создале универзумот!!!

Мексико

Мексико е земја во Северна Америка и најпопуларното туристичко место во светот. Мексико долго време беше најомилена туристичка дестинација за туристите од Канада и САД, но станува сè попопуларна и за туристите од Европа. Се повеќе вљубеници во убавите дестинации се подготвени да го издржат долгиот лет за да ја запознаат земјата на сонцето, убавите пејзажи, песочните плажи и чистото сино море, земјата која има културно наследство, кое е неверојатно разнообразно и толку големо што одзема здив.

 

Мексико има многу локалитети кои се прогласени за светско културно наследство на УНЕСКО: историскиот центар на Мексико Сити и Xochimilco (Ксочимилко), градовите Guanajuato (Гванахуато), Пуебла, Oaxaca (Оаксака), Morelia (Морелија) и Zacatecas (Закатекас), археолошките локалитети Teotihuacan (Теотихуакан ), Монте Албан, Chichen Itza (Чичен Ица) и Palenque (Паленке), El Tajin (Ел Тахин) и Uxmal (Уксмал), потоа манастирите на падините на вулканот Popocatepetl (Попокатепетл), итн …

 

Впечатливиот и различен свет на Мексико го остава секој патник со многу впечатоци и сцени кои не се доживуваат секој ден. Иако Мексиканците воопшто се пријатни и гостољубиви, не очекувајте брзина и ажурност како што имаат Европејците. Флората и фауната на Мексико е богата и разновидна. Можете да ја доживеете и дивината на Мексико, така што ќе одите на планинање, рафтинг, пешачење до високите шуми на Оаксака или да нуркате во коралните гребени на Yucatan (Јукатан)

 

Ако првпат патувате во Мексико, бидете подготвени на гужви, бука, брзање и сиромаштво. Hе грижете се – повеќето Мексиканци ќе бидат премногу среќни да ви помогнат во нивната земја да се чувствувате како дома. Главниот град е Mexico City (Мексико Сити), а официјална валута е мексикански пезос.

Кога да патувате?

Месеците од јуни до октомври се најтопли и највлажни во поголемиот дел на Мексико. Никогаш не е лошо време за посета на Мексико, иако во приморските и ниските региони, особено во јужната половина на земјата, е многу жешко и влажно од мај до септември. Тоа се воедно и месеци со најмногу врнежи и највисоки температури речиси насекаде. Внатрешноста на земјата има поумерено клима од крајбрежјето. Всушност, може да биде и свежо во северните и централните делови од ноември до февруари. Високата сезона е во јули и август и од средината на декември до почетокот на јануари.

Што да посетите?

Мексико Сити (Мексико Сити) – Главен град на Мексико со население од 20 милиони жители. Трет по големина град во светот (според некои проценки), кој се наоѓа на 2240 метри надморска височина.Неговата позиција одзема здив, бидејќи изгледа како да лежи во подножјето на два величествени, покриени со снег вулкани со височина над 5000 метри, Popocatepetl (Попокатепетл) и Iztaccihuatl (Истаксијуати). Често го опишуваат како злонамерен вртлог на неподнослив воздух и необуздан криминал. Меѓутоа, градот сепак ги импресионира посетителите со својот чудесен поздрав за добредојде и ги придобива со својата пролетна клима во текот на цела година, зовриениот уличен живот и богатството на културни понуди.

Градот има безброј оставнини од минатото постари од 650 години, иако преколумбиската уметност и архитектура постојат речиси исклучиво во изолирани фрагменти и музејски репродукции, бидејќи конквистадорите го изградиле јадрото на својот нов град на руините на старата ацтечка метропола Tenochtitlan (Теночтитлан), која ја уништиле. Наспроти тоа, постојат многу цркви и палати од колонијалниот период, главно во барокен стил, а модерната мексичка архитектура претставува многу убави градби, особено оние од 1950-тите и 1960-тите.

Оаксака (Оаксака) – Еден од најубавите и најживописните градови во Мексико. Колонијалниот град Оаксака е срцето на регионот, чиј многу креативен народ произведува голем број уметници во земјата и каде што се создаваат некои од нејзините најубави дела на современа уметност. Oaksaka има врвни музеи, прекрасна архитектура, шармантни ресторани и хотели со сопствена верзија на мексиканската кујна. Скоро секој ден се случува некоја забава на улиците или плоштадите. Градот е опкружен со фасцинантни археолошки наоѓалишта, традиционални сликовити села и мали градови. Планинскиот предел нуди многу можности за планирање, велосипедизам, риболов и рурален туризам.

Chichén Itzá (Чичен Ица) – Археолошкиот локалитет Чичен Ица се наоѓа на полуостровот Јукатан. Рушевините се она што останало од еден од најстарите градови од времето на Маите. Градот е основан помеѓу 435 и 455.г.н.е. Импресивните скалести пирамиди биле дизајнирани и изградени по астрономски принципи и насоки. Ископувањата траеа од 1924-1945 година. Денес е под заштита на УНЕСКО и добро посетен од туристите.Palenque (Паленке) – Исправени, обвиткани во џунглата, храмовите Паленке претставуваат национално богатство и еден од најдобрите примери за архитектурата на Маите во Мексико. Модерниот град Паленке, неколку километри источно, е еднообразен, мирен град и почетна точка за посета на руините.

Teotihuacan (Teoтиуакан) – Древно свето место, кое се наоѓа на околу 50 километри североисточно од Мексико Сити. Рушевините Teoтиуакан се едни од најважните руини во светот. Teotihuacan значи “место каде што се родени боговите” и го рефлектира верувањето на Астеките дека боговите тука го создале универзумот.Изграден околу 300 г.н.е., светиот град се одликува со огромна големина на неговите споменици, внимателно поставени по геометриски и симболички принципи. Најзначајните градби се Храмот Quetzalcoatl (Кетцалкоатл), Пирамидата на Сонцето (трета по големина пирамида во светот) и Пирамидата на Месецот.Cancun (Канкун) – Како Лас Вегас, Ибица или Дубаи, Канкун е град на добрата забава. Кога на сето тоа ќе додадете и многу добри плажи – добивате една од најголемите туристички дестинации на западната хемисфера, која носи најмалку 4 милиони посетители годишно.Тешко беше да се поверува дека ова мало рибарско село ќе стане светски феномен. Амбициозните мексикански планери во 1970-тите одлучија да го надминат Acapulco (Акапулко) со сосема ново одморалиште од светска класа, лоцирано на полуостровот Yucatan (Јукатан). И така е створен Канкун. Овде можете да уживате во широк спектар спортови на вода, да играте голф, да посетите некои од светските познати еко-паркови или само да лежите и да уживате во некој од луксузните спа центри.Она што не треба да пропуштите е уникатниот подводен музеј, кој им дава на нуркачите можност да уживаат во бројните оригинални скулптури (дури и преку 400) на длабочина од 3-6 метри. За оние кои сакаат да се “заветат” за цел живот, можат да испланираат единствена венчавка на ова романтично место.

Acapulco (Акапулко) – Легендарен по својот гламур, Акапулко долго бил миленик на џет-сетот. Денес, Акапулко ги привлекува посетителите со својот раскошен ноќен живот и недопрените плажи.Акапулко е најголемо и најбучно одмаралиште во Мексико. Се наоѓа во прекрасен залив, во облик на полумесечина и е опкружен со величествени планини кои се спуштаат кон морето.Guadalajara (Гвадалахара) – Историскиот центар на градот гордо е прошаран со колонијални реликвии, кои се денес музеи, владини канцеларии, барови и хотели. Има десетина плоштади со фонтани. Зона Роса, помодерна и поширока, има многу ресторани, кафулиња и ноќни клубови.Жителите на Гвадалахара се дружељубиви и пријатни, подготвени да ја споделат магијата на нивниот град. Во Гвадалахара, ќе најдете се што придонесува за мексиканскиот животен стил, како што се текила, маријачи музика, сомбреро, родео и, се разбира, нивната исклучителна храна.

 

 

Snezana Koteva Bogoevska & Bore Cikalov

Travel Advisor – патувања

Посетете го нашиот  YouTube канал

Шангај за 24 часа…

Запознајте го Санкт Петербург

Хургада во март

 

Previous articleФутуристички поглед на туризмот
Next articleФото-албум Истанбул