Travel AdvisorTravel Advisor

Места во светот кои ве повикуваат да ги фотографирате

 

Секој кој се занимава со фотографија  професионално или од хоби, има листа на најубави места во светот што некогаш би сакал да ги фотографира. На листите се туристички дестинации, но исто така и тешко достапни места со посебни убавини.

Ви ги презентираме оние што се еднакво  фотогенични и импресивни за секого. Најмногу фотографирани места во светот:

Ајфеловата кула

Од платформата висока 275 метри, повеќе од 200 милиони луѓе го виделе градот од шест и пол милиони луѓе на дланка, што го открива вистинскиот  концепт на мегалополисот.

најфотографираните места во светот

Погледот на кулата е подеднакво интересен за фотографите во текот на ноќта и денот, како и во сите сезони. Ајфеловата кула е едноставно фотогенична и на секоја фотографија е прикажана во сосема ново издание.

Taj Mahal

Taj Mahal е архитектонски споменик во Агри, град во индиската држава Утар Прадеш. Таа била изградена од могулскиот владетел Džahan-šah како спомен на неговата рано починатиот сопруга, персијката Мамтаз Махал.

Taj Mahal се смета за највисоко достигнување на могулската архитектура, стил кој ги комбинира елементите на персиски, индиски и исламски архитектонски стилови.

најфотографираните места во светот

Најчесто фотографиран е одразот на Таџ Махал во предниот базен,  минарињаta, разлики во лепезата бои во различни периоди од денот, како и кадри на Taj Mahal од реката Yamuna.

Галапагос

Галапагос е група на вулкански острови лоцирани на растојание од околу илјада километри од брегот на Еквадор.

најфотографираните места во светот

Тука може да се најдат некои од најретките и најнеобичните видови животни. Од џиновски желки кои можат да бидат тешки, до невообичаени и симпатични птици птици. Тоа е вистински рај за да направите добра слика.

Serengeti, Tanzanija

Серенгети е како големa зоолошка градина и едно од најубавите места во светот каде е лесно да се видат и фотографират најголемите копнени животни.

Савана Серенгети се наоѓа во северна Танзанија долж границата со Кенија и природниот парк Масаи Мара. Веројатно најдобриот фото-сафари во светот е во Серенгети. Не убивајте ѓи животните фотографирајте ги ,само тогаш сте ЧОВЕК.

Salar De Uyuni, Bolivija

Големата површина покриена со неколку метри дебел слој на сол, има голема економска вредност за Боливија. Овде можете да фотографирате пејзаж кој изгледа како да не е од оваа планета. Пустинската сол, како и рефлексијата на светлината од неа кога е покриена со вода се вистински кадар за секој фотограф.

најфотографираните места во светот

Иако Lonely Planet ја опиша како ‘the greatest nothing on the planet’, оваа сол содржи литиум, што е главната состојка на повеќето батерии во денешните електронски уреди, а Боливија има околу 43% од светските резерви.

Велигденските острови

Во Пацификот, повеќе од 3.500 километри од Чиле, се Велигденските острови (Rapa Nui). Речиси целиот архипелаг на острови е запишан на листата на светското наследство на УНЕСКО, а извонредни фотографии можете да направете во изобилство.

најфотографираните места во светот

На островот има статуи на моаи или камени скулптури кои личат на луѓе и зборуваат за поинаква историја на островот и му даваат посебна естетика. Има неколку стотици од нив.

Дубровник

Дубровник го зазеде своето место меѓу врвните светски туристички дестинации. Заслужено и благодарение на историското и културното наследство, цркви и погледи на Јадранското Море.

најфотографираните места во светот

Стариот дел на Дубровник, Камени улици, кули, ѕидови, детали, убава природа и плажи во околината … Само овде, што и да фотографирате, мора да изгледа убаво “i danju i nocu”.

Machu Picchu

Мачу Пикчу, изгубениот град на Инките, бил скриен од очите на луѓето повеќе од 400 години.

најфотографираните места во светот

Инките беа домашното население на Перу пред да биде откриена и асимилирана јужна америка од моќните европски држави во тоа  време, а Мачу Пикчу беше нивното последно засолниште.  Мачу Пикчу бил откриен само пред нешто повеќе од 100 години, поточно во 1911 година. Никој не знае зошто исчезнале Инките, и се претпоставува дека населението настрадало од сифилис што потекнува од Европа, а подоцна и со граѓанската војна.Денес Мачу Пикчу е еден од најпопуларните и најфотографираните места во светот.

Антарктик

Не е населен од луѓе. Антарктикот е привремен  дом на 10.000 научници од 18 земји, чие поле на истражување варира од микробиологијата до вселената. Антарктикот го посетуваат околу 10.000 туристи во текот на летото.

најфотографираните места во светот

Овде, со објективот ги ловете неверојатно убавите нијанси на снег, мраз, бели блескави пејсажи, како и мноштво животни  кои нема да се сретнете никаде на друго место.

Венеција

Венеција има долга традиција и историја, прекрасни градски пејсажи, уникатна архитектура и карневал. Во сите периоди од годината е различна и подеднакво привлечна за фотографите.

најфотографираните места во светот

Travel Advisor

Посетете го YouTube каналот.

разгледајте ги фотографиите на сајтот на Т.А. Атлантис

Сигурни , чисти , ефтини туристички дестинации

Каиро симбол на кругот, фениксот на Египет

Kako snimiti dobar selfie

 

Previous articleТурција ,„башка“ убавина …
Next articleВелигден во велеград , Атина