Travel AdvisorTravel Advisor

МеХико 2019…

Мексико Сити

Мексико Сити е приказна сама за себе ,сплет на цивилизации , мешавина на култури ,но за да го спознаете сето тоа мора да направите обиколка по некоја добра рута со препорачан водич, разгледајти ги градбите што се симбол на овој велеград ,како што се Митрополитската катедрала.

Националната палата и Палатата за ликовни уметности. Помеѓу Историскиот центар и Музејот не го пропуштајте панорамско возење низ Reforma Avenue.

Овде ќе  видите неколку споменици кои го сочинуваат идентитетот на градот, таков е споменикот Ангел на независноста. Овде е и Музејот на антропологијата, каде што ќе имате можност да им се воодушевувате на прекрасните парчиња од огромната колекција на пре-шпанската уметност.Овде се наогаат и Coatlicue, како и неколку други остатоци од различни цивилизации развиени во внатрешноста на античкото Мексико.

Tlatelolco, актуелно најголемиот археолошки локалитет во Мексико Сити кој воедно бил и дел од главниот град на Ацтековската империја. Токму тука лежи Плоштадот на трите култури, каде што пре-шпанската колонијала и сегашноста на Мексико се соединуваат.

Teotihuacan кој иако се чини дека згаснал во шестиот век, сепак оставил несомнено влијание врз подоцнежните цивилизации помеѓу кои и Ацтеките. Овде секако ќе ви треба професионален водич кој ќе ве води во оваа патување низ историјата на ова мистично место кое ќе ве изненади со 2000-години старата Пирамида на сонцето која се наоѓа крај Авенијата на мртвите и е трета по големина во светот.

Секако одвојте време со некоја организирана тура и локален водич да ги видете  живописните пејзажи на Coyoacan и боите на Xochimilco, познато како “Местото на цвеќињата”. разгледајте го Coyoacan, чие име на ацтечки јазик значи “место на којотите”.

Следна на вашата листа нека биде музејската куќа на Фрида Кало (Magdalena Carmen Frida Kahlo y Calderón) т.е. “Сината куќа”, каде што ќе се запознаете со интензивната врска помеѓу Фрида, нејзините дела и нејзиниот дом, местото во кое воедно се родила и починала. Иако, откако таа се венчала со Диего Ривера живеела во различни места низ Мексико Сити и вон Мексико, таа секогаш се враќала во својата стара куќа во Којоакан.

Xochimilco е место каде ќе добиете информации за историјата, навраќајки се до пре-шпанското време, а ќе имате прилика да уживате во возење со традиционалниот брод тракинера.

Канкун

Во близина на Канкун се наога античкиот град Чичен Ица кој е импресивен политички, културен и религиозен центар од времето на Маите. Во превод името на градот значи “Бунарот на племето Ица”. Во него се наоѓа пирамида посветена на богот Кукулан, која содржи повеќе од 1500 години историја. Висината на пирамидата е 30 метри, а должината на нејзините страни е 55 м. На влезот има 365 скали кои се движат нагоре, симболизирајќи ги деновите од годината. Оваа пирамида е прецизен тридимензионален календар кој ги брои деновите, неделите, месеците и годините.

Други главни атракции во градот се : Храмот на черепите; Храмот на Јагуарот; Опсерваторијата; Плоштадот со илјадници колони и Светиот бунар. Северен Јукатан е суво место во кое сите реки се подземни (во многу ретки случаеви се над земјата). Постојат и други големи, природни извори на вода наречени сеноти. Сенотите се длабоки и широки бунари кои обезбедуваат доволно вода во текот на целата година. Еден од овие бунари е познат по името Светиот Сенот.

Се надевам дека нема потреба да ве инспирираме за да ја пробате мексиканската храна баш онаа традиционалната тортиљи , бурита ,такос,чили,алапињо, итн,итн…

Travel Advisor – Europa

YouTube

Koja europska zemlja ima najveći rast u turizmu ?

Шангај за 24 часа…

Тангото тече низ крвта на Аргентинците!

 

 

Previous articleКујната меѓу најважните опции кај кинеските туристи
Next article“Najlijpše”, плажи во Хрватска