Белград се наоѓа на местото каде реката Сава се влева во Дунав , каде што Панонската Низина се сретнува со Балканскиот Полуостров. Тоа е еден од најголемите градови на балканот и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа, по Истанбул, Атина, и Букурешт.
Првите населби во регионот на Белград биле во предисториската Винча околу 4800 п.н.е. Градот бил населен во 3 век п.н.е. од Келтите, а по доаѓањето на Римјаните станал римска колонија во провинцијата Мезија и бил наречен Сингидунум. Се смета за еден од најстарите европски градови, бидејќи неговата историја е подолга од 7000 години. Словенското име Белиград за првпат се споменува на 16 април 878 година од н.е., во една преписка помеѓу папата Јован VII и бугарскиот кнез Борис I.
Белград за првпат станал главен град на Србија во 1403 година. Во својата многугодишна историја, бил освојуван од преку 40 војски: римски, византиски, бугарски, унгарски, отомански и тн. Белград има статус на посебна територијална единица во Србија, со посебна автономна градска власт.Претставува економски центар на Србија и главен град на српската култура, образование и наука.
Трагите на архитектонското наследство на Римската и Византиската Империја се наоѓаат во многу кралски градови и палати во Србија, како што се Сирмиум, Феликс Ромулијана и Јустинијана Прима, од 535 година, седиштето на Архиепископијата Јустинијана Прима.
Храмот Свети Сава во Белград е најголем српски православен храм, и воедно најголем православен храм на Балканот. Тој се наоѓа во источниот дел на Светосавскиот плоштад, во општината Врачар, во Белград. Подигнат е на местото за кое се сметало дека Коџа Синан-паша во 1594 година ги запалил моштите на Свети Сава, основачот на Српската православна црква. Изградбата на храмот била финансирана со собирање на доброволни прилози, како и со плаќање на поштенски марки. Недалеку од храмот е парохијскиот дом, а тука се наоѓа и предвидената зграда на патријаршијата. Овој спомен-храм претставува органски дел на современата живописна силуета на Белград, сочинувајќи едно од неговите главни обележја.
Кога сте веќе во Белград секако треба да се посетат и многу други знаменитости од кој би можеле да ви ѓи препорачаме , Собранието на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло , тврдината Калемегдан, прошетка по најпозната белградска улица – Кнез Михајлова. Комплетен аранжман за осми март со туристички водич имате на следниот линк.