Travel AdvisorTravel Advisor

Мирисот на Санторини

Мирисот на Санторини

Една од работите што веднаш ке ја почуствувате откако ќе слетате на овој волшебен остров е специфичниот мирис на пустина ама овој пат на пустина на сред море. Мирисот на Санторини беше разнесен од силниот ветер кој овде вообичаено дува но е благ и неодолив со морските мириси што ги носи со себе.

Санторини, најјужниот остров во Егејското Море, е едно од двете места во Европа што се карактеризира со пустинска клима – многу топли денови, свежи ноќи и  ветер кој дува често, бидејќи островот е незаштитен. Дожд има само неколку недели годишно (за време на зимата), а кога тоа се случува, островот станува невообичаено зелен.

Туристите се насекаде

Периса и Периволос се мали туристички градови на југоисточниот дел на островот, кои во многу аспекти се поевтини од многу  места како Фија и Оја, лоцирани на другата страна на островот. Но, каде и да е вашето сместување, автобусите се чести, со влезници со цена од 1,5-2 евра, за да можете лесно да се движите низ островот што е само околу 30 километри. И има и други опции, како изнајмување на мотор со четири тркала -quad или автомобил.

Quad-мотор на еден ден може да се изнајми за 20 евра плус неколку евра за гориво дневно, и тоа е навистина супер цена за авантури по островот. Еден цел резервоар за гориво (9 евра) ви е доволен за 3-4 дена. Но  треба да бидете внимателни со ноќните возења, да се носат долги ракави и да носите кацига , бидејќи казните за не носење на кацига се до 300 евра.

Фира е главен град  и се наоѓа во средината на островот, на западниот брег, на еден рид(kalderi) а блиску е и популарната Оја што ја гледате на многу прекрасни слики од Санторини. У Фира има многу ресторани со прекрасни погледи, сувенирници и слаткарници. Просечните цени на рестораните варираат од 8 до 30 евра, зависно од локацијата и видот на храна. Рибата и морските плодови најчесто се насекаде поскапи од месото. Коктелите се многу скапи по целиот остров и цените се движат од 10 евра нагоре.

Што да се јаде?

Овде е присутна секако  традиционалната грчки трпеза – мусака, гиро, пастицио (запечени паста-тестенини со мелено месо) , сувлаки, салата тзардзики (таратор), одлични производи од нивните пекарница како и познатото   haloummi-сирење , традиционално изработено од овчо или козјо млеко ,особено вкусно кога се спрема на скара-специјалитет.

За 30-тина евра на Санторини можете да букирате супер излет – вулканскиот остров Неа Камени, со брод плус пешачење по (сè уште активен) вулкан, бањање во термички води, посета на помалиот остров на Санторини – Тирасиј и зајдисонцето во Оки. Убавини! Пешачењето по вулканот е напорно  на + 30 ° C, но тука ќе ги слушнете интресните  приказни за земјотресите и ерупции што го создале  Санторини како што изгледа денес. По напорното патување, може да уживате во топлите природни термички води, по што може да продолжете со релаксирање на островот Тирасиа.

Оја – едно од најубавите места во светот

Oia – еденo од најубавите места во светот. Откако ќе престигнете во пристаништето ви нудат јавање на магаре  до градот за 5 евра. Ако сте авантуристички настроени прифатете но да знаете дека јавањето магаре особено по ридски патеки не е баш  луксузно возење како во анатомско седиште во автомобил, а магаринјата се малку агресивни , нервозни, и познати по својат инает па некогаш се однесуваат по свое. 

Заоѓањето на сонцето во Оја можеби е и најпознатиот и најубавиот залез на сонцето во светот.Околу 19 часот луѓето почнуваат да се собираат на северните ѕидини , во „друштво„ со тарадиционалните Грчки грицки(претежно јаткасти плодови-ореви, бадеми,лешници,и сл) и некое пиво. Околу 20:30 започнува зајдисонцето, самиот чин на задскривање на сонцето зад хоризонтот трае околу 10 минути.Зајдисонцето е секоја вечер проследено од многу туристи собрани на западнит дел и на убавите места со убав поглед а неретко има и аплауз проследен со чуства на радост и возбуда.

За целосни информации за сите острови во Егејското море подетално овде.

посетете го YoutTube каналот

Travel Advisor

Запознајте го Санкт Петербург

Острови во Тајланд за кои сонувате!

Пи Пи Острови

Previous articleБратислава…„Vitajte v krásnej Bratislave“
Next articleСингапур град од иднината посетете го во сегашноста