Travel AdvisorTravel Advisor

Мистичноста и егзотичноста на Шри Ланка

Шри Ланка е земја која со својата мистичност и егзотичност заведува и мами светски патници веќе векови наназад. Марко Поло ја опишал како најфиниот остров кој го прави светот голем и фансцинантен во споредба со индиските, арапските и европските традиции. Многу од авантуристите ги привлекле ретките врсти на драги камења и величенствени слонови.

Шри Ланка се наоѓа во близина на Екваторот, во прекрасните води на Индискиот океан. Островот важи за место познато по легендарни природни убавини и магија што ги мами туристите повторно да се вратат назад. Романтичен и интересен, земја во облик на бисер, името го добила од раните арапски трговци и се нарекувала Шерендиб, што значи мир!

И покрај долгогодишната граѓанска војна, стопанството по осамостојувањето успешно се развивање. Социјалистики насоченото уредување на стопанството со преовладување на државниот сектор по 1977 год. е главно напуштено, но се постигнати големи успеси, на пр., висок степен на писменост, развиена здравствена заштита, поголемо учество на жените во стопанскиот и политичкиот живот и друго.

Успешниот развој и либерализацијата на стопанството ги придружуваат и големите давачки за војската (околу 20% од буџетските средства), а несредените состојби ги одбиваат странските инвеститори . Основна стопанска гранка и натаму е земјоделството, иако учеството на индустријата е поголемо отколку повеќето други држави во развој.

Што се однесува до туристичките знаминитости Шри Ланка изобилува со навистина специфични локации . Ќе земеме неколку за пример колку да ја заинтригираме вашата љубопитност . Сигерија – не само што може да се пофали со античката моќ на инженерството и урбанистичкото планирање во Шри Ланка, туку исто така се смета за  еден од најдобрите споменици на уметноста и културата.

Прошетката  низ гигантскиот „Lion Paws “ со поглед на симетричните кралски градини подолу – опфаќа  раскош што некогаш доминирал во оваа тврдина . Опкружена со бадеми и мочуришта, Лавовската карпа – личи на митолошкиот „град на боговите“ – кој е обложен со фрески што се однесуваат на слики во стилот на Гупта, пронајдени во пештерите Ајанта од Индија. Прошетка покрај познатиот„ ‘mirror  wall’  кој се протега во западниот дел на Сигирија и претставува уметнички сто метарски пластифицирани графити.

Посета на добро изградениот музеј кој не води на незаборавно патување во минатото и разгледување на системите за наводнување кој го одржува музејот над водата. Тој е генијалниот хидрауличен систем кој го опишува колосално ремек дело на големиот крал што останува чудо во Азија со векови.Со падот на Anuradhapura, градот Полонаруа станува средновековна престолнина и венец на круната на кралот Паракарамаху I – останува супериорен доказ за античката култура и наследство споено со верските убедувања.

Прошетки покрај нејзините  sидови на локалитетот со светско наследство, благословени со ступи, потпирајќи се на статуи на Буда, канали за наводнување и фантастично врежани хинду скулптури . Додека ја набљудувате куќата на моштите- Watadage – се забележуваат  прекрасни резби од камен. Погледнете внимателно и ќе сфатите суптилно хиндуско влијание врз архитектурата и статуите што се наоѓаат во Полонаруава или седнете крај Галвихараја и набљудувајте ја апсолутната убавина што излегува од секој свиок на огромните будистички статуи.

Nissankamalla  Council Chamber ( козилиум) со своите столбови ја претставува вртоглавата убавина на моќното кралство, кое се наоѓа на брегот на морето на Parakramabahu и ремек делото на наводнување наречено Parakrama Samudraya.

Март 2020 имате прекрасна можност за посета на Шри Ланка а подетални информации ќе најдете на следниот линк.

Travel Advisor – travel

YоuTube

Зошто Саудиска Арабија е неодолива дестинација

Мадагаскар , не е само „цртан филм„ 🙂

Индија – 10 совети за патување.

Previous articleВенецијанскиот карневал-убавината со маска
Next articleДубровник – „All Season„