Travel AdvisorTravel Advisor

Митови за евтини патувања на кои не треба да им верувате

 

На почетокот треба да се каже дека корисни совети и трикови за заштеда при патување и за намалување на трошоците во рамките на некоја разумна можност има многу. Сепак, постојат и совети и трикови кои не треба да им верувате.

Отклучување на телефонот
Често ќе чуете дека телефонот треба да го исклучите за да ги намалите трошоците за роаминг. Тоа е навистина точно доколку не знаете да го ставете телефонот во мод кој нема да ги користи локалните мрежи бидејки повиците и особено интернетот во роаминг се навистина скапи. Ако одите до дестинацијата каде што ќе имате пристап до Wi-Fi,користете ги  апликациите  како што се Viber или ‎WhatsApp. Сите други апликации што ги користите се исто така достапни на овој начин, така што нема потреба да го вклучувате телефонот освен на патувања каде што навистина немате други опции.

Таму “rent a car” опцијата е  евтина и многу достапна 
Ако сте на некоја европска дестинација, митот за евтин такси превоз сигурно ќе го чуете. Но, тоа баш не е така. Ако си во обиколка на градот и не е најпрактичен. Со цената на автомобилот треба да сметате на трошковите за гориво, паркинзи, автопати, тунели … Затоа, ако патувате со ограничени средства, размислете за јавен градски  или меѓуградски превоз . Во повеќето земји, тоа функционира одлично.

Најдете сместување надвор од градот
Да се одлучите за сместување по настрана од центарот на градот може да биде убаво ако сакате мир и тишина, а можете да најдете убав хотел или стан. Сепак, секогаш внимавајте на дневните трошоци за враќање назад во центарот, како и фактот дека градскиот превоз може да биде бавен или лошо организиран. Ова не е правило, но дефинитивно треба да ги проверите сите факти пред да одлучите да се сместете понастрана од центарот на градот во кој сте  дошле во посета.

Променете доволно пари
Не е јасно зошто во денешниот систем за банкомати на секој чекор, сепак треба да мислете дека е неопходно да се промени голема количина на готовина во валутата на земјата во која патувате. Ова е навистина сосема непотребно, заштедувајќи ви и време и пари а лесно ќе извадете пари во банкомат кога ви е потребно.

Нема потреба од организирани патувања
Некој организирани патувања што ги користете преку хотел или агенција се прилично скапи и не се вклопуваат во концептот за „ефтино“ патување но верувајте тоа секогаш не е така. Сепак,агенција која  ви обезбедува и водич до дестинацијата, кој навистина го знае секој детал на дадената дестинација ќе ви го направи патувањето и по  интересно и навистина ќе дознаете многу повеќе и по интересни детали. Тоа би можело да го направи незаборавно искуството од било кое патување.

Патувајте со ниско буџетни компании
Нискобуџетните компании понекогаш имаат добри понуди, но тие секогаш треба добро да се проанализираат пред конечната одлука. Многу често имат скриени трошоци, доплатите за багаж се повисоки, а и трошоците за храна и пијалок  ако сте на долг лет, но сепак ако патувате со ниско буџетна компанија преку проверена туристичка агенција неудобностите од било кој тип ќеможе да ги избегнете.

Travel Advisor – business

YouTube

За да ги избегнете непријатностите при патувањата и за да имате професионален водач и професионалци од сите области кои се потребни за едно патување или одмор обратете се за информации во Т.А.Атлантис.

Малтешки ред , тајните убавини на Малта

5 апликации кои ќе ви го олеснат патувањето

Каде туристите најмногу трошат пари

 

Previous articleШто да се прави кога падне ноќта? – Сингапур
Next articleПиза,Фиренца,Болоња-Велигден 2019