Travel AdvisorTravel Advisor

Модерен кроасан , “bon appétit“…

Франција – земја на шампањот, доброто вино, сирење и божествена кујна. Кроасан, славно пециво познато низ целиот свет, е еден од симболите на Франција.

Една од првите работи што ни паѓана на ум кога ја споменуваме Франција е кроасанот. Интересно е што тој воопшто не доаѓа од земјата на која не асоцира. Кроасанот е изворно виенски производ, кој според Larousse Gastronomique е направен во 1683 година за време на турската опсада на Виена.

При тоа еден храбар пекар го слушнал доаѓањето на Турците и дал знак за предупредување и така го спасила градот. Во чест на оваа победа, тој дизајнирал пецива во вид на полумесечина, симбол на Отоманската империја. За популарноста на ова пециво во Франција е заслужна кралицата  Марија Антоанета.

Познатото пециво од лиснато тесто, декадентно во својата едноставност, во последниве години, благодарение на социјалните мрежи, особено инстаграмот, во служба на атрактивениот изглед на фотографиите, стана нешто повеќе од пециво.

Тоа предизвика реакции кај  традиционалните француски пекари кои нè потсетуваат на фактот дека тоа всушност е кроасан , генијален во својата едноставност. Тие сметаат дека кроасан со вкус и украсен како роденденска торта , кроасан со вкус на пинаколада или кроасан  tacos е нешто што навистина еја изобличува неговата суштина.

Подготовката на оваа пециво од  лиснато тесто бара голема вештина. Суштината на кроасанот е во тенкиот намаз од путер и тенко лесно лиснато тесто. Кроасанот не е пециво кое мора да се наполни со нешто за да биде вкусен тој всушност сам по себе е специјалитет. Различни филови како што се ванила, чоколада и разни други вкусови се присутни со години, а денес се користи дури и за сендвичи.

Во времето кога во гастрономијата е најважно како  изгледа на instagram и кроасанот ѓи има преземено на себе сите бои и украси потребни за „фотогеничност“. Кроасану, кроасану што ти направија  социјалните мрежи?

Wine and gastro

Travel Advisor – YouTube

Чилито херој на глобализацијата

Употребата на циметот – која е неговата тајна?

10 најдобри ресторани во Будимпешта

 

 

Previous articleАмстердам воведува забрана за организирани обиколки на квартот на црвените фенери
Next article„Колосалниот„-Родос