Travel AdvisorTravel Advisor

Москва – град, метропола, историја, футуризам

 

Москва е голема, Москва е монументална, Москва е метропола како ни една на светот. Нема ниту еден град како Москва, за неа не може лесно да каже дека ми се допаѓа или не ми се допаѓа. Москва едноставно е над тоа.

Москва – град, метропола, историја, футуризам

Разликата за Москва од времето на комунистичкото уредување до денес е многу голема, бидејќи градот е добро декориран и уреден. Новите објекти не ја расипаа визијата за историскиот центар. Тие едноставно се преместени по настрана од центарат  и сега е деловениот центар е сместен во високи облакодери на неколку километри од центарот. Развојот беше брз и ефикасен благодарение на неисцрпните извори на нафта и гас и многу други рудни богатства.Можеби изворите се „неисцрпни„  но санкциите и нафтените кризи ги намалија цените и го зголемија извозот, па така развојот забави. Ваквата економска ситуација од друга страна доведе до зголемување на бројот на странски туристи, особено на Европејците. Сега можете да си дозволите посета на Москва, град кој неодамна беше избран за еден од најскапите градови во светот. Бидејки сега рубљата падна за околу четириесет проценти во споредба со еврото.

Достапни цени
Добрите 4 * хотели може да се најдат во поширокиот центар веќе од 100 евра на соба и појадок, хостели има многу и за пониски цени а во последно време е  зголемува понудата на станови за изнајмување. Градскиот подземен железнички превоз е многу евтин и ефикасен.Возовите на станиците доаѓаат на секои неколку минути.Повеќето извстувања се на кирилско писмо иако  постојат и на англиски јазик кои обично се на подот. Истите станици во центарот на градот се како музејски сали. Задолжително  посетете го „Гум„ – најспектакуларен мол во Европа.

„Гум„ е, секако, најспектакуларниот мол во Европа. Тој е  голем колку самиот Црвен плоштад. Сите познати модни брендови го нашле своето место во овој мол над мавзолејот на Ленин. Мода и мавзолеј. Понекогаш некомпатибилна комбинација.

метро – апсолутно совршено. Не знам дали има подобро место од тука, и толку многу возови што не мораат да ги чекате – секогаш доаѓаат. Никаде на друго место нема туристичка тура низ метро станици.

Облакодерите на Сталин – импресивни градби кои преживеале многу времиња и се уште претставуваат симбол на големата нација и држава, без оглед на политичкиот аранжман. Во едена е луксузен хотел, во втората министерство … сите функционираат.

Крстарењето по Москва – реката Москва поминува низ центарот на градот. Крстарењето е многу интересно и смирувачко. Во град каде сообраќајот е еден од најголемите проблеми и трошење на неколку часа во денот во автомобил или автобус не е чудно , крстосуванјето по реката е навистина восхитувачки.

Прошетка по Црвениот плоштад и околината – црвениот плоштад е идеална можност да ја посетите и во круг  да уживате во уникатен поглед на Кремљ, Гум, катедралата Св. Василиј, Казанската катедрала и Музејот.

Преку понудите на Т.А. Атлантис Москва е директно поврзана со Скопје авионски заедно со сместување , трансфер , екскурзии.

Posjetite naš YouTube kanal.

Travel Advisor,

Запознајте го Санкт Петербург

Индија – 10 совети за патување.

Запознајте го Дубаи навечер!

Previous articleЗапознајте го Санкт Петербург
Next articleКога една фотографија, асоцира на еден град